Цироза е болест на црниот дроб која се јавува како последица од оштетување на клетките во црниот дроб (хепатоцити). Вообичаено се јавува кај лица кои подолго време конзумираат алкохол во големи количини а црниот дроб не е способен да се ослободи брзо од тие штетни материи, и како последица на тоа се јавува оштетување на клетките кое води до цироза.
Етиологија Црнодробната цироза е болест која е последица на широк спектар на хронични прогресивни болести на црниот дроб. Најчести причини за цироза се: алкохолот хепатотропни вируси (ХАБ, ХАЦ, бруцелоза и др.) генетски нарушувања автоимуни нарушувања лекови срцева декомпензација долготрајна холестаза мини|Цироза
Клиничка слика Клиничката слика на црнодробната цироза има исти симптоми независно од етиолошкиот фактор. Болеста поминува низ два стадиума: компензиран и декомпензиран стадиум. Компензиран стадиум Компензираниот стадиум се манифестира со умор, омалаксаност, намален апетит. Се јавува и субиктерус, тапа болка, болка под десен ребрен лак поради хепатомегалија. Овој стадиум најчесто се открива со хистолошки преглед на материјал земен со биопсија на хепар. Декомпензиран стадиум Декомпензираниот стадиум освен што ги содржи опишаните симптоми доаѓа и до влошување на општата состојба. Главни клинички критериуми за постоење на декомпензирана цироза се следниве цвнодробни компликации: жолтица портална хипертензија асцит невропсихички пореметувања Покрај овие главни симптоми кај овај вид цироза се јавуваат и: знаци на промена на коагулацијата на крвта ендокрини промени знаци на кожни промени палмарен еритем знаци на хипертермија со септикемија фактор хепатикус-се манифестира со непријатен мирис на мрша или изгорена земја мини|лево|Присуство на течност во стомачната празнина-асцит
Дијагноза клиничка слика лабораториски испитувања имаме ниски белковини во серум, намалување на албумините, а зголемување на гама глобулините, зголемени вредности на билирубин, ниска коагулација, анемија, зголемени некои ензими во серумот, LDH и др. ултразвучен преглед компјутерска томографија ендоскопија црнодробна биопсија со хистолошки преглед Овие испитувања најчесто се користаат при поставување на дијагнозата.
Лекување Лекувањето зависи од стадиумот на болеста и кои клинички знаци се присутни во моментот. Така што во компензираната фаза се применува: хигиено-диететски режим на исхрана Се препорачува одмор и исхрана богата со белковини и шеќери, а сиромашна со масти. лекови кои влијаат врз регенерацијата на хепатоцитите Во декомпензираната фаза болниот задолжително треба да се хоспитализира. Ако болниот е со асцит се препорачува мирување и несолена диета.
Наводи
Категорија:Болести на системот за варење Категорија:Црн дроб Категорија:Болести на црниот дроб