Во геометријата, Архимедово тело или полуправилно тело е полуправилен испакнат полиедар кој се состои од два или повеќе типа на правилен полиедар кои се среќаваат во исти темиња. Тие се разликуваат од Платонските тела, кои се состојат од само еден тип на многуаголник чии страни се среќаваат во исто теме, и од Џонсоновите тела, чии правилни многуаголни страни не се среќаваат во исти темиња.
Потекло на името Архимедовите тела се именувани по Архимед, кој зборувал за нив во едно негово дело кое не е зачувано. За време на ренесансата, уметниците и математичарите ги вреднувале чистите облици и одново ги откриле сите овие облици. Истражувањата завршиле околу 1619 со делото на Јоханес Кеплер, кој ги дефинирал призмите, антипризмите и неиспакнатите тела познати како Кеплер-Поансови тела.
Класификација Постојат 13 Архимедови тела (15 ако ги броиме обратните слики на две енантиоморфи). Овде темената конфигурација се однесува на тип на правилни многуаголници кои се среќаваат во кое било дадено теме. На пример, темена поставеност (4,6,8) значи дека тој квадрат, хексагон и октагон се среќаваат во теме (со тоа што другите се сметаат за во насока на часовник околу темето).
Бројот на темиња е 720° поделен со аголниот дефект на темето.
Име сликаСтрани Рабови Темиња Темена поставеност Група на симетрија потсечен тетраедар 60px|Потсечен тетраедар(анимација) 8 4 триаголници4 шестаголници 18 12 3.6.6 Td кубоктаедар 60px|Кубоктаедар(анимација) 14 8 триаголници6 квадрати 24 12 3.4.3.4 Oh потсечена коцкаили потсечен шестаголник 60px|Потсечен шестаголник(анимација) 14 8 триаголници6 осумаголници 36 24 3.8.8 Oh потсечен осумаголник 60px|Потсечен осумаголник(анимација) 14 6 квадрати8 шестаголници 36 24 4.6.6 Oh ромбикубоктаедарили мал ромбикубоктаедар 60px|Ромбикубоктаедар(анимација) 26 8 триаголници18 квадрати 48 24 3.4.4.4 Oh потсечен кубоктаедарor голем кубоктаедар 60px|Потсечен кубоктаедар(анимација) 26 12 квадрати8 честоаголници6 осумаголници 72 48 4.6.8 Oh чпртава коцкаили чпртав кубоктаедар(2 хирални форми) 60px|Чпртав хексаедар (Ccw)(анимација)60px|Чпртав хексаедар (Cw)(анимација) 38 32 триаголника6 квадрати 60 24 3.3.3.3.4 O икосиододекаедар 60px|Икосидодекаедар(анимација) 32 20 триаголника12 петаголници 60 30 3.5.3.5 Ih потсечен додекаедар 60px|Потсечен додекаедар(анимација) 32 20 триаголника12 десеттоаголници 90 60 3.10.10 Ih потсечен икосаедарили фудбалска топка 60px|Потсечен икосаедар(анимација) 32 12 петаголника20 шестаголника 90 60 5.6.6 Ih ромбикосиододекаедарили мал ромбикосиододекаедар 60px|Ромбикосиододекаедар(анимација) 62 20 триаголника30 квадрати12 петаголници 120 60 3.4.5.4 Ih потсечен икосидодекаедарили голем ромбикосиододекаедар 60px|Потсечен икосидодекаедар(анимација) 62 30 квадрата20 шестаголници12 десеттоаголници 180 120 4.6.10 Ih чпртав додекаедарили чпртав икосиододекаедар(2 хирални форми) 60px|Чпртав додекаедар (Ccw)(анимација)60px|Чпртав додекаедар (Cw)(анимација) 92 80 триаголници12 петаголници 150 60 3.3.3.3.5 I
Кубоктаедарот и икосиододекаедарот се еднообразни по рабови и се нарекуваат квазиправилни.
Чпртавата коцка и чпртавиот додекаедар се познати и какохирални, бидејќи се и од лев и од десен. Кога нешто е од повеќе облици кои меѓусебно си се тридимензионални обратни слики, овие форми ги нарекуваме енантиоморфи.
Дуалите на Архимедовите тела се нарекуваат Каталанови тела. Заедно со бипирамидите и трапезоедрите, се тела со еднообразни страни (лица) со правилни темиња.
Поврзано Список на еднообразни полиедри
Надворешни врски Книжни модели на Архимедовите тела Еднообразните полиедри Модуларни оригами Интерактивни 3Д полиедри во Јава
Категорија:Полиедри Тела