Острово ― населба во северозападниот дел на Општина Аеродром.

Географија На север и североисток граничи со реката Вардар (преку реката е населбата Ќерамидница), на исток со 13 Ноември, на југоисток граничи со населбата Аеродром, додека на југ и југозапад граничи со Мичурин. Северозападна граница му претставува ГЖС „Скопје“ (преку пругата е Маџир Маало).

Историја 220п|мини|лево|Шаторската населба Острово. Населбата започнала да постои по Втората светска војна.

По катастрофалниот земјотрес од 1963, таму бил сместен згрижувачки камп односно т.н. шаторска населба Острово. Шаторската населба Острово бил најхигиенскиот згрижувачки камп од сите 27 кампови наменети за настраданите во земјотресот. Задолжени за изградбата на кампот биле градежните претпријатија Пелагонија и Монтер кои ископале и уредиле санитарни јазли, изградиле две батерии со 16 славини, приклучиле водоводна мрежа, соѕидале неколку казани и бањи со бојлери. Отпрвин кампот згрижил 800, a по спојувањето со шаторската населба Аеродром-Вардар над 4.000 лица.

Демографија На територијата на населбата се наоѓа една дива ромска населба.

Според пописот од 2002, населбата Острово била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Аеродром, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче. Во таа статистичка целина живееле 72.009 жители од кои 96% биле Македонци, 2% Срби и 2% други народности како Роми, Турци и Власи.Адресар на општини во Република Македонија, Град Скопје, 2002 година.

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, населбата Острово била статистички споена (под статистичкиот назив Аеродром) со населбите 13 Ноември, Аеродром, Горно Лисиче, Јане Сандански, Лисиче, Мичурин, Ново Лисиче, Реонски Центар. Таа статистичка целина имала 75.108 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно Македонци 63.764Албанци 850Турци 464Роми 459Власи 651Срби 2.125Бошњаци 403Други6.392

Општествени установи ОУ „Браќа Миладиновци“ Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија

Самоуправа и политика

Избирачко место +Населба Мичурин, општина Аеродром - организација на избориБрој на избирачко местоУстанова кадешто се наоѓаЖенски гласачиМашки гласачиРегистрирани гласачи2673ОУ „Браќа Миладиновци“3573887452674ОУ „Браќа Миладиновци“4505399892675ОУ „Браќа Миладиновци“3253827072676ОУ „Браќа Миладиновци“3043726762677ОУ „Браќа Миладиновци“2823256072682ОУ „Браќа Миладиновци“6657481413Вкупно2.3832.7545.137

На парламентарните избори во 2024 година, гласале вкупно 3.348 жители, каде 51% од гласовите освоила Коалицијата “Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ, 17% Коалицијата за европска иднина - СДСМ и 15% партијата Левица.

Културни знаменитости ТЦ Скопјанка

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Населби и маала во Скопје