Франциск или Фрањо (; роден како Хорхе Марио Бергољо (; — ) — поглавар на Римокатоличката црква и папа од 13 март 2013 година до 21 април 2025. Во редот на исусовците, тој се приклучил во 1969 година. Франциск е 266-ти папа на Римокатоличката црква. На 7 мај 2019 година бил во историска посета на Македонија и станал првиот папа кој ја посетил земјата. Тој бил пречекан од претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, и премиерот на Владата, Зоран Заев. Тој одржал литургија на главниот плоштад во Скопје.

Животопис Роден е на година во . Дипломирал хемиска технологија, но подоцна се одлучил да стане свештеник и се посветил на богословијата. Од 1967 до 1970 година студирал на Теолошкиот факултет во Сан Мигел. На 13 декември 1969 год бил ракоположен за свештеник. Потоа, во родната Аргентина предавал и работел на ширење на верата. За кардинал бил избран во 2001 година. Станал популарен меѓу народот како „кардинал на сиромашните“. Работел на подобрување на угледот на црквата која загубила многу верници, бидејќи отворено не застанала против диктатурата во Аргентина во 70-те години од 20-от век.

Во 2005 година, тој бил во најтесниот избор на претходната конклава кога кардиналот Џозеф Рацингер бил избран за Папа Бенедикт XVI.

Франциск е прв папа од редот на исусовците, прв кој доаѓа надвор од Европа по повеќе од еден милениум, и прв од Јужна Америка. Тој исто така е прв понтиф кој по Јован Павле I одбрал претходно неупотребено папско име, а во чест на светиот Франциск Асишки, скромен монах кој многу ѝ помогнал на Католичката црква.

Книги

Друго

English translation of IEC Catechesis “The Eucharist: Gift from God for the life of the world” (2009) (given in Spanish), 49th International Eucharistic Congress, Quebec, Canada

Поврзано Список на папи

Наводи

Надворешни врски

Vatican: the Holy See – Vatican web site () (Official Vatican YouTube page, covering the Pope and related interests) Collected news and articles at the The New York Times Collected news and articles at The Guardian

Категорија:Починати во Ватикан Категорија:Аргентински кардинали Категорија:Аргентински папи Категорија:Аргентински архиереи