Жофре Суп (; р. ) — француски професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа . Суп бил национален друмски првак во конкуренцијата под 23 години во 2010, и завршил втор зад Британецот Алекс Даусет на Европското хронометарско првенство под 23 години.
Кариера
Роден во Вирја, Ен, Суп настапувал за ВК Бресан и ВК Вол ан Велен како јуниор и во составот на Етупе ле Дуа како аматер, пред да му се приклучи на професионалниот состав на за сезоната 2011. На првата трка за екипата, Суп ја освоил воведната етапа на Ла Тропикал Амиса Бонго во Габон - победувајќи го возачот на Антони Шарто во меѓусебниот спринт – пред да заврши на трката на осмото место во генералниот пласман. Подоцна Суп додал уште една етапна победа на Тур Алзас, пред да се откаже од трката следниот ден.
Суп го направил своето деби на Гранд Тур трка на Џиро д’Италија 2012, заземајќи го третото место во текот на првата масовна етапа во Хернинг, Данска; резултат за кој Суп изјавил дека „жали“, бидејќи претпоставил дека треба да го води главниот спринтер на екипата Арно Демар, кога тој бил зафатен во падот во последната кривина.
Во август 2014 година, објавил дека потпишале со Суп, заедно со неговиот колега од ФДЖ Насер Буани, за сезоната 2015. Бил вклучен во почетниот состав на екипата за Тур де Франс 2015.
Достигнувања
2008 1. Краен пласман Тур ди Беарн 2009 2. Национално друмско првенство под 23 години 2. Краен пласман Букл де ла Марна 3. Национално хронометарско првенство под 23 години 3. Сувенир Мишел Рок 5. Хроно на народите 2010 1. 20п Национално друмско првенство под 23 години 2. Европско хронометарско првенство под 23 години 2011 1. Етапа 1 Тур Алзас 5. ГП де Пон а Марк 8. Краен пласман Ла Тропикал Амиса Бонго 1. Етапа 1 2013 10. Краен пласман Четири дена Динкерк
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2012 2013 2014 2015 2016 20п Џиро76———— 20п Тур———123142 20п Вуелта—СО94СО—
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Француски велосипедисти Категорија:Родени во 1988 година Категорија:Живи луѓе