Маркгрофовска оперска куќа () или Маркгрофовска опера е барокна оперска куќа во градот Бајројт, Германија, изградена помеѓу 1744 и 1748 од Јозеф Сен-Пјер. Таа е една од неколку преостанати театри во Европа од овој период и била во голема мера обновена. Внатрешноста била дизајнирана од Џузепе Гали Бибјена и неговиот син Карло од Болоња во доцен барокен стил. Принцезата Вилхелмина од Прусија (постарата сестра на Фридрих Велики), жена на Фридрих (маркгроф на Бранденбург-Бајројт), учествувала како писател, играч, композитор, глумец и режисер.
Големината на сцената (27 метри)Град Бајројт: Туристички информации , 1 јули 2012 го привлекла Рихард Вагнер, кој подоцна ја изградил својата Фестивалска сала во Бајројт, северно од градот.
Секој септември, театарот е домаќин на Бајројтскиот барокен фестивал, со изведби на ретки оперски дела.
На 30 јуни 2012, оперската куќа била впишана во списокот за светско културно наследство на УНЕСКО.УНЕСКО: Маркгрофовска оперска куќа Бајројт, 1 јули 2012
Театарот е затворен од август 2012 поради опсежно реновирање и реконструкција, процес кој се очекува да трае неколку години.
Наводи
Надворешни врски
Официјални информации Информации за годишниот Бајројтски барокен фестивал кој се одржува во оперската куќа
Категорија:Оперски куќи во Германија Категорија:Згради и градби во Баварија Категорија:Бајројт Категорија:Туристички атракции во Баварија