thumb|right|250px|Сребрен чаен прибор Чаен прибор, во западната традиција е прибор кој се продава заеднички за употреба при служењето на попладневен чај или формална чајанка.

Чајните прибори прилично варираат по цена и квалитет, од евтини предмети во масовно производство до рачно изработени ремек-дела. Најдобрите чајни прибори се изработуваат од познати изработувачи на порцелан. Чајниот прибор може да биде и од сребро кој е формален чаен прибор направен од стерлинг-сребро. Меѓутоа и тука можат да се најдат масовно произведени посребрени прибори.

Делови од чајниот прибор:

чајник чајна шолја и тацничка шеќерник бокалче за млеко

покрај ова, формалниот чаен прибор содржи и:

бокал со кафе лонче со врела вода лонче за фрлање послужавник

Поврзано Сервис за јадење Чајанка

*