Черкаси () — град на реката Днепар во централниот дел на Украина. Тој е административен центар на Черкаската област и административен центар на околниот Черкаски реон, во рамките на област. Градот бил основан уште во 13. век, и одиграл важна културно-општествена улога во историјата на Украина. Во тоа време, градот бил претежно населен со Козаци.
Неговата местоположба е отприлика 200 километри јужно од главниот украински град Киев. Бројноста на населението, според последниот попис од 2011 г. е 288 илјади жители. Во месец јуни 2011, Черкаси го прославил својот јубилеен 725 роденден.
Климата во градот е умерено-континентална, со благи зими и жешки лета. Просечната температура во градот на годишно ниво е 7,7 °C. Во јануарскиот период просечната температура на воздухот е -6 °C, додека во лето таа изнесува +20 °C. Најниската измерена температура била -25 °C (што е ретко се случува), додека пак највисоката била +35 °C, забележана во месец јули.
Бројот на население бил најголем во 1990 г. кога Черкаси имал речиси 300 илјади мештани. Оттогаш па наваму, тој број е во постојано опаѓање, што најмногу се должи на високата смртност кај месното население, социо-економската состојба и наглиот процес на урбанизација на местото. Денес, градот има точно 286.037 жители. Најголем дел од населението се Украинци, но исто така се застапени и руското и еврејско малцинство. Според половата припадност, 46,4% се мажи, додека останатите 53,6% се жени. Објавени се и податоци за старосната структура на населението, од кое 19% се лица-пензионери, додека само 15% се деца под 14 години. Овие бројки говорат за нерамномерната застапеност на возрасните групи.
Територијална организација на Черкаси
Во градот Черкаси има 2 општини (реони): РеонНаселениеПовршинаПриднепаровски реон 142 илјади 25,86 илј. хек.Сосновски реон 148 илјади 43,14 илј. хек.
Образование Во Черкаси се наоѓаат голем број на универзитети, од кои најголеми се Черкаскиот државен технички универзитет и Черкаскиот национален универзитет „Богдан Хмелницки“.
Збратимени градови Черкаси е збратимен со следните градови: Санта Роза, САД. (од 1991) Бидгошч, Полска. (од 2000) Сумкаjит, Азербејџан. (од 2003) Рустави, Грузија. (од 2012) Орша, Белорусија. (од 2012)
Галерија
Надворешни врски
Официјална страница на Черкаси Неофицијален инфо портал , и Портал за информации Телефонски именик на Черкаси , и
Категорија:Градови во Украина