right|thumb|180px|Зигимунд Шломо Фројд Зигмунд Фројд (; - ) — австриски невролог, основач на психоаналитичката школа за психологија. Фројд е најпознат по неговите теории за несвесниот ум и механизмите за заштита од потиснување и по создавањето на клиничкото применување на психоанализата за лекување на психопатологијата со помош на разговор помеѓу пациентот и психоаналитичарот. Фројд исто така го препознаваме и по неговото редефинирање на сексуалната желба како основна мотивациона енергија на човековиот живот, како и неговите терапевтски техники, во коишто спаѓа употребата на слободното здружување, неговата теорија на пренесување во терапевтските врски и толкувањето на соништата како внатрешни извори на несвесните желби. Тој исто така е еден од првите истражувачи од областа на неврологијата во церебралната патологија.
Иако повеќето од идеите на Фројд отпаднаа или се изменети од страна на Нео – Фројдијанците и модерните напредоци во областа на психологијата покажаа неуспех во многу од неговите теории, делото на Фројд останува важно во историјата на клиничките психодинамични достигнувања. Во академијата, неговите идеи продолжуваат да влијаат на хуманистичките и некои од општествените науки.
Живот
Фројд е роден на 6 мај 1856 година од Галско – Еврејски родители во моравскиот град Пшибор, Австриска област, којашто сега е дел од Чешка. Татко му, Џејкоб, 41г., трговец со волна, има две деца од претходниот брак. Мајка му, Амалиа (родено име Натансон ), третата жена на Џејкоб, има 21г. Фројд е првото од нивните осум деца и поради неговото прерано созревање, тие го сакаат повеќе од неговите браќа и сестри уште од неговото рано детство. И покрај нивната сиромаштија, тие жртвуваат сè што имаат за да му овозможат соодветно образование. Како последица на економската криза од 1857г., татко му останува без работа и семејството се преселува во Лајпциг пред да се преселат во Виена. Во 1865г., Сигмунд се запишува во Леополдстäдтер Коммунал-Реалгѕмнасиум, истакнато средно училиште. Фројд е еден извонреден ученик така што дипломира со почести во 1873г. По намерата да студира право, Фројд се запишува на медицинскиот факултет на Универзитетот во Виена да студира кај дарвинистичкиот професор Карл Клаус. Во тоа време, историјата за животот на јагулите е сѐ уште непозната. За испитување на нивните машки полови органи, Фројд поминува четири недели во Австриската зоолошка станица за испитување во Трст, секцирајки стотици јагули без да открие повеќе од неговите претходници.
Медицинско училиште
Во 1874г., идејата за „ психодинамичноста ” е предложена со објавувањето на предавањата по физиологија од страна на германскиот физиолог Ернст Вилхелм Вон Брук, којшто, во соработка со физичарот Херман Вон Хелмхолц, еден од оние коишто го формулираат првиот закон за термодинамика (заштита на енергијата), тврди дека сите живи организми се енергетски системи управувани исто така со ова начело. Истата година, на Универзитетот во Виена, Брук му е надзорник на Фројд – којшто е студент по медицина во прва година и којшто ја прифаќа оваа „динамична психологија”. Понатаму во Предавањата по физиологија, Брук го претставува радикалниот поглед – дека живиот организам е динамичен систем во кој спаѓаат законите на хемијата и физиката. Ова беше почетната точка на динамичната психологија на Фројд за мозокот и неговата врска со несвесното. Потеклото на основниот модел на Фројд, заснован на основите на хемијата и физиката, според Џон Боулби, потекнува од Брук, Мајнерт, Бруер, Хелмхолц и Хербарт. Во 1876г. тој го објавува неговиот прв извештај за „ тестисите на јагулите” во Mitteilungen der österreichischen Akademie der Wissenschaften, признавајки дека не може да го реши проблемот. Во 1877, Фројд си го скратува името од „Сигизмунд ” во „ Сигмунд ”. Во 1879г., тој ги прекинува студиите за да отслужи една година задолжителна воена служба, а во 1881г. станува Доктор по медицина со назначувањето за Über das Rückenmark niederer Fischarten („за жрбетниот столб кај поретките видови риби”).
Фројд и психоанализата
Во октомври 1885 Фројд оди во Париз на колегијално патување да студира со најпознатиот Европски невролог, Жан Мартин Чаркот. Тој подоцна го запамети ова искуство како каталитичко во неговото насочување кон праксата на медицинската психопатологија и надвор од понесигурната кариера за истражување на неврологијата. Чаркот се специјализира во областа на хистеријата и нејзината осетливост на хипноза, којашто тој често ја применува на пациенти (со слушање). Фројд подоцна ја заменува хипнозата како потенцијално лекување со слободниот дијалог и анализата на соновите. Чаркот кон крајот на својот живот ја испробува на себе својата работа во врска со хистеријата. По неговата медицинска пракса, специјализирана во областа на неврологијата, Фројд во 1886г. се жени со Марта Бернајс, чијшто татко Берман е син на Исак Бернај, рабски шеф во Хамбург. По експериментирањето со хипнозата на неговите невротични пациенти, Фројд се откажува од овој третман откако се покажува како неефикасен за повеќето пациенти, со фаворизирање на третманот каде што пациентот зборува преку неговите или нејзините проблеми. Ова е познато како ,,лекување преку зборување” а крајна цел на ова зборување е лоцирање и ослободување на моќната емоционална енергија којашто во почетокот е одбиена и затворена во несвесниот ум. Фројд ова негирање на емоциите го нарекува ,,потиснување” и верува дека тоа го попречува нормалното функционирање на психата, а исто така може да го отежни и физичкото функционирање, коешто тој го опишува како ,,психосоматски” симптом. (Терминот ,,лекување преку зборување” најпрвин е измислен од пациентката Ана О. којашто ја лекува Џозеф Бруер – колегата на Фројд). ,,Лекувањето преку зборување” се смета за основа на психоанализата. Карл Јунг ги пушта гласините дека може да се развие романтична врска помеѓу Фројд и неговата снаа, Мина Бернајс, која се преселува во станот на Фројд на ул:Бергас бр.19 во 1896г. (Психологот Ханс Ајсенг тврди дека аферата ќе резултира со бременост и абортус за Г-ѓа Бернајс). Објавувањето во 2006г. во Швајцарскиот хотелски дневник, на 13 август 1898 г., укажува на некои ученици на Фројд (како Петар Геј) дека има вистински причини за овие гласини. Во четириесеттите, Фројд ”има бројни психосоматски нарушувања како и претеран страв од умирање и други фобии”. ( Кореј 2001г., 67стр.). Во овој период Фројд се занимава со изложување на сопствените сништа, сеќавања и динамиката на развојот на неговата личност. За време на оваа самоанализа тој ја сфаќа одбивноста што ја чувствувал кон татко му (Џејкоб Фројд), кој умира во 1896г., и ,,исто така повторно ги повикува неговите детски сексуални чувства спрема мајка му ( Амалија Фројд), привлечна, топла и заштитничка” (Кореј 2001г., 67стр.) смета дека овој период на емоционална потешкотија е најкреативниот период во животот на Фројд. По објавувањето на неговите книги во 1900г. и 1902г., заинтересираноста за неговите теории почнува да се зголемува, а во подоцнежниот период се разива и одреден круг на поддржувачи. Фројд често е во судир со набљудувачи кои ги критикуваат неговите теории, а најпознатиот од нив е Карл Јунг, кој уште на почетокот ги поддржува идеате на Фројд. Дел од причината за несогласувањето помеѓу Фројд и Јунг е подоцнежниот интерес и обврска кон религијата и мистицизмот, за коишто Фројд смета дека не се дел од науката.
За да наведе од колку голема важност бил никотинот и цигарите за неговата когнитивна продуктивност, во времето кога Првата светска војна силно ја погоди Австрија, Фројд пишува во писмо:
Последните години и бегството од Австрија
Во 1932г., Фројд ја добива наградата Гете за неговиот придонес во областа на психологијата и во Германската литературна култура. После три години, Нацистите ја преземаат контролата во Германија и книгите на Фројд се едни од многуте запалени и уништени од нацистите. Фројд дава духовита забелешка:
Во тој период, тој не може да предвиди дека сите негови сестри ќе настрадаат во Холохаустот. Во март 1938г., нацистичка Германија се приклучува кон Австрија во Аншлус. Ова води кон силни изливи на антисемитизам во Виена, а Фројд и неговото семејство добиваат посети од Гестапо полицијата. Фројд одлучува да оди во прогонство ,,да умре на слобода “. За оваа цел, случајно му помага Антон Соервалд, службеник на нацистите, којшто е обвинет за сиот имот на Фројд во Австрија. Меѓутоа Соерволд не е простичок нацист, додека ,,ги прави бомбите за движењето на Нази, тој истовремено студира медицина, хемија и право”. На Универзитетот во Виена, Соерволд е студент на професорот Џозеф Херциг, којшто често го посетува Фројд за играње карти. Соерволд не му открива на својот надреден нацист дека има многу тајни сметки во банката и не му ветува директива за да ги има неговите уништени книги за психоанализа. Наместо тоа, Соерволд и еден негов соучесник ги шверцуваат книгите од Австриската национална библиотека, каде што се скриени. Конечно престрашени од нацистичкиот законот за трансформирање на куќата на Фројд во институт за студирање на Аријанската супериорност, Соерволд ја потпишува визата за излез на Фројд. Во јуни 1938г., Фројд ја напушта Виена со западниот експресен воз и се доселува во Лондон. Додека тој соопштува во локалниот весник ,, сите мои пари и сопственост во Виена исчезнаа”, не спомнува за неговите тајни сметки во банката. Кога Антон Соерволд е однесен на судење за наводно бегство со тајното богатство на Фројд после војната, Ана Фројд, ќерката на Фројд прави се за да го заштити Соерволд и да го открие Хари Фројд, офицер на Американската армија којшто го уапсува Соерволд:
По пристигнувањето во Велика Британија, Фројд заедно со своето семејство се сместува во 20-те градини Марестфиелд, Хампстид, Лондон. Има статуа од него на аголот од Белзиската коловозна лента и Авенијата Фижон, близу до Швајцарската колиба. Како тежок пушач, Фројд прави повеќе од триесет операции од рак на грлото за време на својот живот. Во септември 1939г., тој го убедува неговиор доктор и пријател Макс Чур да му помогне во самоубиството. Откако ја прочитува ,, Шагринска кожа “ на Балзак во еден здив, тој вели: ,,Драг мој Шур, ти сигурно го паметиш нашиот прв разговор. Ти ми вети дека нема да ме напуштиш кога ќе ми дојде времето. Сега се е само тортура и ништо нема смисла повеќе”. Шур му препишува три дози морфиум којшто е причина за смртта на Фројд на 23 септември 1939 г. Три дена по неговата смрт телото му е кремирано во Голдерс Греен крематориумот во Англија за време на службата на која присуствуваат Австриски бегалци, како авторот Стефан Цвејг. Неговата пепел подоцна е сместена во крематориумскиот цолумбариум. Таа останува во вазна од античка грција којашто му ја поклонува Марија Бонапарта и којашто ја чува за време на своите студии во Виена многу години. По смртта на Марта Фројд во 1951г., пепелта му е сместена во истата вазна. Крематориумот е вечен дом и за Ана Фројд и нејзината животна пријателка Дороти Бурлингем, како и за неколку други членови од семејството на Фројд.
Идеите на Фројд
Фројд е влијателен на два поврзани, но различни начини. Тој истовремено ја развива теоријата за тоа како е организиран човечкиот ум и како дејствува и теоријата за тоа колку човековото однесување го условува и теоретското разбирање и произлегува од него. Ова го доведува до одредени клинички техники со намера за лекување на психопатологијата. Тој тврди дека карактерот се развива од искуствата на личноста за време на детството.
Почетната работа