Бистрица или Белица (, Алијакмонас) — најдолгата река во Егејска Македонија и во цела денешна Грција, со вкупна должина од 297 км. Тече низ областа Западна Македонија (Костурскиот, Гребенскиот и Кожанскиот округ и Централна Македонија (Берско и Катеринско). Сливот зафаќа површина од .

Течение мини|лево|Завирување на реката Бистрица по големата брана кај Варвара (Берско) Реката извира во планината Грамошта (Грамос), близу границата со Албанија. Во горното течение, реката се движи на исток, а потоа кај Костур врти на југоисток. Опишува крива линија околу планината Црвена Гора, па свртува на североисток кај с. Земњач. Потоа влегува го големото вештачко Витивјанско Езеро. Југоисточно од Бер, Бистрица навлегува во Солунското Поле, подрачје од голема важност за земјоделството. На крај се влева во Солунскиот Залив западно од устието на Вардар, а источно од с. Либаново.

thumb|right|Мост преку Витивјанското Езеро на реката Бистрица близу Серфиџе.

Бистрица минува крај следниве градови (по низводен редослед): Нестрам, Рупишта, Лапчишта, Земњач, Велвендо и Гида.

Слив и притоки На југоисток и југ, сливот на Бистрица се граничи со сливот на Пенеј (од Егејскиот слив), на југозапад и запад со сливовите на Војуша и Семан (од Јадранскиот слив), а на север и северосзток со сливовите на Вардар и Колудеј (од Егејскиот слив) и други помали реки кои се влеваат во бессливното подрачје во северозападот на земјата.«Большая Советская Энциклопедия» – Альякмон, т. 1, стр. 490

Река Бистрица има поголем број притоки, од кои највеќето се кратки: → лева притока, ← десна притока → Рулска Река → Дреновска Река ← Четирска Река ← Галешово ← Питарова Река → Ѓоле ← Беливод → Богатска Река → Лошничка Река (Порос) ← Праморица → Коничка Река ← Гребенска Река ← Венетик → Мегленица ← Вода ← Арапица

Историја Според Јулиј Цезар, Бистрица претставувала граница помеѓу Македонија и Тесалија. Во горното течение одела во југоисточен правец низ Елимеја, и продолжувала на североисток, образувајќи ја границата помеѓу Пиерија, Еордеја и Иматија. Во времето на Херодот, нејзина притока била Колудеј (Лудија)7, 127 која се одлевала од езерото на Пела. Денес Колудеј не се спојува со Бистрица, туку се влева право во Егејското Море.

Поврзано Грамошта Црвена Гора Солунско Поле Бистрица

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Реки во Грција Категорија:Егејски слив Категорија:Бистрички слив (егејски)