Лепчанското писмо, или познати како роншко писмо (лепчански: อักษรเลปชา) е абугида и официјално писмо за запишување на лепчанскиот јазик. Невообичаено за абугидите, крајните согласките имаат надредни знаци.
Историја Лепчанското потекнува од тибетското писмо и има некои мјанмарски влијанија. Според традицијара, ова писмо било создадени во почетокот на 18 век од принцот Пјагдор Намгјал од тибетската династија Сиким или од научникот Тикунг Мен Салонг во 17 век. Раните лепчански ракописи биле пишувани вертикално, што е кинески принцип. Подоцна правецот се сменил во хоризонтална положба, но буквите биле завртени за 90 степени од првичните облици.
Типологија
Лепчанскиот денес се пишува вертикално. Како и кај останатите абугиди, вградената самогласка 'а' е приситна кај сите знаци за согласки, а останатите самогласки се пишуваат со надредни знаци. Пред согласката се пишуваат 'и' и 'о', по согласката се 'а' (вградена) и 'у' и под согласката е 'е'. Должината се бележи над почетната, како и на крајната согласка. Почетните самогласки се пишуваат врз нулта согласка.
Уникод
Наводи Leonard van der Kuijp, The Tibetan Script and Derivatives, in Daniels and Bright, The World's Writing Systems, 1996.
Поврзано Тибетско писмо Лепчански јазик Брами
Надворешни врски
Лепчанското писмо на Omniglot.com Лепчански фонт од Џејсон Глеви
Категорија:Индиски писма