Љубoш (или Љубаш) — историско село во Општина Студеничани, во околината на градот Скопје. Селото всушност постои и самиот топоним е користен од страна на жителите, но катастарски нема свој атар, туку е поделен помеѓу селата Драчево и Батинци.

Географија и местоположба Селото се наоѓало во Скопската Котлина, во областа Торбешија. Селото се наоѓало на 2 км од Батинци.

Историја Во век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската Каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 15 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 45 мажи христијани, со 1 новороденчe. Се проценува дека селото во тој период имало 92 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 172 жители.

Според Леонард Шулце Јена (1927)Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927 и Афанасиј Селишчев (1929)Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929. селото имало нејасен етнички состав.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 150 Турци.

Демографија Според пописот од 2002 година селото нема жители.

Според пописот од 2021, селото е поделено во рамките на селата Драчево (Кисела Вода) и Батинци (Студеничани). Делот под Батинци има 2,420 жители, 537 домаќинства и 611 куќи, додека делот во Драчево има околу 878 жители, 256 куќи и околу 200 домаќинства. Исто така околу 9 куќи влегуваат во составот на селото Долно Количани, дополнително околу 30 жители.Пописни кругови – Попис 2021, Државен завод за статистика на РСМ.

Според овие податоци, ова село има над 3,300 жители и е едно од поголемите во околијата и државата.

Поврзано Торбешија Општина Студеничани Скопје

Наводи

Надворешни врски

† † Категорија:Историски села во Македонија