Чепели — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.
Географија и местоположба
Чепели се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 18 километри.
Надморската височина во селото е 600 метри а површината на селото изнесува 1823 ха.
Селото се граничи со Костурино, Злешево, Пирава, Терзели, Раборци, Попчево, Плавуш
Историја Во XIX век селото било дел од Струмичката Каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Чепели живееле 460 жители, сите Турци.Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.160.
Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Чепели живееле 1.017 жители, Турци.Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 244.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 550 Турци.
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Културни и природни знаменитости
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Струмички села Категорија:Села во Општина Струмица
Категорија:Раселени села во Македонија