Peace Sells е песна на Мегадет од нивниот втор студиски албум Peace Sells... but Who's Buying?. Напишана е од страна на Дејв Мастејн, а заедно со „Wake Up Dead“ од истиот албум се задолжителни на секој нивни концерт. Според Дејвид Елефсон, уште пред издавањето на албумот, имал претчувство дека „Peace Sells“ ќе биде голем хит.. Текстот ги побива сите стереотипи за антисоцијалната природа и атеистички определби на лицата кои слушаат хеви метал. Музичката ТВ куќа VH1 ја рангирала песната на 11 место на нивната список на најдобри хеви метал композиции на сите времиња.
Видео запис Бил направен посебен видео запис за оваа песна. Највпечатлив е кадарот кога момче со маица на Слеер гледа ТВ програма која прикажува настапи на Мегадет и исечоци од воени конфликти. Веднаш потоа влегува таткото и прашува: Какво е ова ѓубре што го гледаш? Сакам да ги слушнам вестите, и го менува каналот. Момчето му одговара: Ова се вестите, и го враќа претходниот канал. Овој дел од спотот бил честопати исмејуван и вметнуван во пародии поврзани со хеви металот. На почетокот на спотот се гледа оригиналниот омот од претходниот албум на Мегадет, Killing Is My Business... and Business Is Good!. Можеби најпрепознатливиот дел од песната е воведот на бас гитара изведено од Дејвид Елефсон.
Преработки и присуство во поп културата Песната е поставена во видео игрите NHL 10, Grand Theft Auto: Vice City, Rock Band 2, True Crime: Streets of LA и во некои верзии на Guitar Hero 5. Првиот бас риф од композицијата многупати бил користен како најавна нумера за емисиите на MTV, но Мастејн никогаш не добил признание за авторски права. Глам метал бендот Tigertailz ја преработил нумерата и ја вклучил на нивниот компилациски албум Banzai! од 1991 г. Оваа песна се нашла на компилацискиот албум Greatest Hits: Back to the Start, како и на сите други изданија со најголеми хитови на Мегадет; во изборот на песни за споменатиот албум, „Peace Sells“ се нашла на 3-то место според бројот на гласови од обожавателите. Статистички гледано, оваа нумера е убедливо најизведуваната песна во живо на Мегадет, со над 1100 досегашни перформанси пред публика.setlist.fm Најизведувани песни во живо Стихот It's still 'We the People', right? очигледно е иронизација на насловот од уставната преамбула на САД. мини|десно|Мегадет ја изведуваат „Peace Sells“ на фестивалот Метал Манија (2008) Коментари од бендот во врска со песната мини|десно|Мегадет на Метал Манија во Полска (2008)
Музички персонал Дејв Мастејн - вокал и ритам гитара Крис Поланд - водечка гитара Дејвид Елефсон - бас гитара Гар Семјуелсон - тапани
Наводи
Надворешни врски Текстот на песната Спотот за Peace Sells на YouTube
Поврзано Мегадет Peace Sells... but Who's Buying?
Категорија:Песни на Megadeth