Пајцдорф () — општина во округот Грајц, во Тирингија, Германија.
Географија Соседни општини
Општини близу Пајцдорф се градот Ронебург и Рикерсдорф во округот Грајц, како и Хојкевалде и Постерштајн во округот Алтенбург.
Општински единици
Менсдорф е единствената административна единица во Пајцдорф.
Историја
Пајцдорф бил првпат споменат во списите во 1290.
Во 1837, околу 140 жители на Пајцдорф заминале во Америка, барајќи религиозна слобода. Заедно со имигранти од Саксонија, ги основале заедниците Алтенбург, Фрона, Витенберг, Дрезден и Пајцдорф на реката Мисисипи во Мисури.
Во 1963, ветерницата во Пајцдорф, подигната во 1792, била срушена.
Наводи
Категорија:Грајц (округ)