мини|десно|150п|Грбот на Соре

Соре (дан. Sorø) — помал град во Источна Данска, административен центар на општината Соре и регионот Зеланд. Населението брои 7.764 жители.BEF44: Население на 1 јануари, по населени подрачја - Статистичка служба на Данска

Местото е основано во 1161 г. од епископот Абсалон, кој подоцна го основал и Копенхаген, во околината на академијата (Sorø Akademi) која датира од 1140 г. Во близина се наоѓа и манстирската црква (Sorø Klosterkirke), каде е погребан епископот Абсалон и кралицата Маргарита I. Останките на кралицата подоцна се префрлени во Роскилдската катедрала). мини|лево|200п|Академијата во Соре

Многу од жителите на Соре всушност работат во поширокото подрачје на Копенхаген или во градот Роскилде.

Поврзано Зеланд (регион) Зеланд (остров)

Наводи

Надворешни врски

Портал на општината Соре

Категорија:Градови во Данска Категорија:Зеланд (регион)