Неапол (италијански: Provincia di Napoli, наполитански: Pruvincia 'e Nàpule) — покраина во регионот Кампанија, Италија. Административен центар е градот Неапол. Покраината има 92 општини.
Демографија Неапол е најгусто населената покраина во Италија со површина од 1.171,13 км² и население од околу 3,1 милиони.Попис од 2001 г.
Поважни општиниНаселениеНеапол983.797 Џуљано ин Кампанија 108.492Торе дел Греко 88.540Поцуоли 82.503Казорија 81.871Кастелмаре ди Стабија 65.794Афрагола 63.483Марано ди Наполи 58.978Портичи 57.062Ерколано 55.310Торе Анунцијата 48.720
Туризам Подрачјето на покраината е познато по туризмот, како за странците, така и за Италијанците. Меѓу најпопуларните места во Италија е откопаниот римски град Помпеја, уништен со ерупцијата на Везув во 79 г.
Значајни како туристички места се и трите острови во Неаполскиот Залив: Искја, Прочида (дел од Флегренските Острови) и Капри, познати под збирното име Кампански Архипелаг. На Капри се наоѓа прочуеното Сино Грото - пештера со чудесна сина боја што изгледа како да е осветлена одозвола, под водната површина.
Популарност кај туристите ужува и Сорентскиот Полуостров со градот Соренто, познат по пијалакот лимончело и раскошните приморски карпи. Полуостровот е полн со вили, замоци, стражарски кули и цркви. Во Вико Еквенсе може да се видат и древни селски куќи.
Наводи
Надворешни врски Покраина Неапол
Неапол Категорија:Држави и територии распаднати во 2015 година