Вајда () — непловна река во источна Тирингија, Германија, лева притока на Вајсе Елстер. Поголемиот дел од нејзиниот тек се наоѓа во округот Грајц.

Изворот на Вајда е близу Пауза во Саксонија; потоа тече низ Тириншките Шкрилни Планини поминувајќи низ Цојленрода-Трибес и низ истоимениот град Вајда. Потоа се влева во Вајсе Елстер, близу Виншендорф. Нејзини притоки се Аума и Лојба.

Категорија:Реки во Тирингија Категорија:Реки во Саксонија