Квилјаколјо или Квилаколо (кечуански: Killaqullu, шпански: Quillacollo) е град во Боливија. Квилјаколјо е главен град на покраината Квилјаколјо во департманот Кочабамба. Општината Квилјаколјо била основана на 14 септември 1905 година.
Население
Градот Квилјаколјо се наоѓа на 13 километри западно од Кочабамба. Населението на градот, според пописот од 2001 година, било 74.980 жители.World-Gazetteer Националниот институт за статистика за 2010 година проценил дека градот многу брзо се развива и достигнал бројка на население од 142.724 жители. Ова го прави градот втор најбро растечки во Боливија, по Ел Алто.
Култура
Квилјаколјо има архитектонска мешавина од колонијалниот и пост-колонијалниот период. Современата аргитектура ги следи модерните архитектонски трендови. Градот има исто така и богата кујна. Низ градот се распоредени поголем број ресторани. Главни стопански гранки во градот се тргивијата и туризмот.
Наводи
Поврзано
Боливија Градови во Боливија
Надворешни врски Друштво на фолклорните групи од фестивалот Уркупиња
Категорија:Градови во Боливија
it:Quillacollo