Васил Антевски - Дрен ( во , Велешко — во Софија, Бугарија) — македонски комунист, учесник во НОВ.
Животопис
Основното училиште го завршил во родното село, а потоа се занимавал со чување овци. По вклучувањето на Бугарија во Првата светска војна, Васил Антевски, заедно со многу свои соселани бега во Солун, откаде заминал за Франција. Таму престојувал од 1915 до 1919 година и завршил основно училиште во гратчето Вилфранш. По враќањето во Македонија, завршил гимназија во Велес, а од 1922 година студира на Правниот факултет во Белград, кој го завршил во 1928 година. По завршувањето на студиите работи како судски приправник во Куманово и Велес, а потоа и во Скопје. Од октомври 1938 година отвора своја адвокатска канцеларија.Стоилко Ивановски - Планински „Васил Антевски-Дрен: прилог кон биографијата“, Архив на Скопје, Скопје, 1980, 149 стр.
Во март 1937 година е уапсен како комунист и е осуден на една година затвор која ја издржува во затворот во Сремска Митровица. По издржувањето на затворската казна, во април 1938 година се враќа во Скопје. По изборите во 1938 година станува член на Земјоделската партија.Димитар Солев „Дрен“, Скопје, 1980, 35 стр. Од јануари до крајот на февруари 1941 година, како земјоделец, е интерниран во логорот Меѓуречје кај Иваница. Мобилизиран е во Априлската војна. По повеќе години активност во напредните кругови, во мај-јуни 1941 година Антевски станува член на КПЈ.
Кон крајот на јули Антевски преминува во илегалност, а на 20 септември 1941 година се приклучува на Скопскиот партизански одред.Стоилко Ивановски - Планински, цит. дело, 173,180-182 стр. По расформирањето на одредот, шестмина борци, меѓу кои и Антевски, од 5 до 8 ноември илегално се префрлаат во Велес, каде се прифатени од велешката партиска организација. Обидите за воспоставување врска со Прилепскиот партизански одред завршуваат неуспешно и набрзо, на 15 ноември 1941 година Антевски е уапсен во Велес од бугарската полиција.„Македонска енциклопедија“, МАНУ, Скопје, 2009, 64 стр.
Заедно со уште 24 комунисти, на 27 април 1942 година Антевски е изведен пред суд во Скопје и на 9 мај е осуден на смрт со бесење. Откако поминува уште три месеци во скопскиот затвор, на 15 август,Дучо Кранго „Бугарскиот терор и отпорот во скопскиот затвор“, Архив на Скопје, Скопје, 1986, 164 стр. заедно со Периша Савелиќ, Љубомир Лековиќ и Чедомир Миленковиќ, е префрлен во затворот во Софија, каде е убиен.„Вардарски глас“, 23 декември 1986, 12 стр. Стоилко Ивановски - Планински, цит. дело, 214 стр. Во неговото пледоаје, јавно ја осудил бугарската окупација на Македонија, по што е осуден на смрт со стрелање и застрелан во Софискиот затвор.
Запомнето е неговот излагање пред судиите на кои им се обратил со зборовите: Ние сме револуционери и знаеме зошто ги даваме животите. Знаеме дека ќе умреме, но ќе дојде време, кога ќе ви судат партизаните ...Зборувавте дека и донесовте слобода на Македонија, а вашата слобода е оваа! - рекол и ги покажал веригите на своите раце.Во негова чест е испеана партизанската песна „Од Софија жален глас се слуша“.Песната во изведба на Оркестарот на Панче Тевчев и на Октет Куманово. Покрај тоа, Економско–правното средно училиште во Скопје од 1993 година го носи неговото име, а неговото име го носи и една железничка станица на линијата Велес-Прилеп.
Васил Антевски во литературата Македонскиот истакнат писател Димитар Солев, во 1980 година го издава романот „Дрен“ со биографска содржина, посветен на Васил Антевски каде што хронолошки е опфатен и раскажан целиот негов живот.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
„Васил Антевски – Дрен“
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонски комунисти Категорија:Македонски правници Категорија:Оморани Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Починати во Софија