Марна (фр. Marne) е река во Франција, десна притока на Сена во која се влева југоисточно од Париз. Долга е 514 км. По реката е наречени департманите Горна Марна, Марна, Сена и Марна и Долина на Марна.

мини|лево|Остров на Марна кај Шел Извира од висорамнината на Лангр, тече на север и се извива на запад помеѓу Сен Дизје и Шалон ан Шампањ, влевајќи се во Сена кај Шарантон (Париз). Во регионот Шампања, дел од водата минува низ вештачкото езеро Дер Шантекок, кое служи за регулација на водотекот. Со ова се спречуваат големи надоаѓања или низок водостој во подолниот тек на реката.

Реката е позната како значајно војувалиште кајшто се случиле две битки во Првата светска војна. Првата битка (1914) одиграла клучна пресвртна улога во Првата светска војна. Втора битка се случила по четири години, во 1918. мини|десно

Во текот на XIX и XX век, реката Марна инспирирала разни сликари, меѓу кои:

Камиј Коро Пол Сезан Камиј Писаро Анри Русо Албер Марке Раул Дифи Андре де Сегонзак Луј Вујермоз Морис Боател Даниел ди Жанеран

Департмани и поважни места по течението thumb|left|upright|Брегот на Марна кај Ноази ле Гран (Париз) Горна Марна (52): Лангр, Шомон, Сен Дизје Марна (51): Витри ле Франсоа, Шалон ан Шампањ, Еперне Ена (02): Шато Тјери Сена и Марна (77): Мо, Лањи на Марна, Сен Тибо де Вињ, Торси, Ноазјел, Шел Сена-Сен Дени (93): Неји на Марна, Ноази ле Гран, Гурне на Марна, Неји-Плезанс Долина на Марна (94): Ножен на Марна, Кретеј, Шарантон ле Пон, Шампињи на Марна, Сен Мор де Фосе, Жоанвил ле Пон, Сен Морис, Бри на Марна, Ле Пере на Марна

Наводи

Надворешни врски Водич за реката Марна - места, пристаништа и сидришта

Категорија:Реки во Франција Категорија:Ена Категорија:Горна Марна Категорија:Марна (департман) Категорија:Сена и Марна Категорија:Сена-Сен Дени Категорија:Долина на Марна Категорија:Реки на Големиот Исток Категорија:Реки во Ил де Франс Категорија:Реки во Горна Франција Категорија:Пикардија