Националниот парк Хајних (), основан на 31 декември 1997, е 13. национален парк во Германија и единствен во Тирингија. Една од главните цели на паркот е заштита на тамошната букова шума. Во 2011 паркот бил додаден на списокот на праисториски букови шуми на Карпатите и во Германија, дел од светското природно наследство.
Географија
Паркот со површина од 75 км2 се наоѓа во западниот дел на германската покраина Тирингија, источно од реката Вера и е дел од поголемиот природен парк Ајксфелд-Хајних-Вератал. Се простира на поголемиот дел од триаголникот помеѓу градовите Ајзенах, Милхаузен и Бад Лангензалца. Националниот парк се создал околу јужниот дел на Хајних, најголемата постојана листопадна шума во Германија.
Флора и фауна
Шумите во Хајних вклучуваат широк спектар на букови шуми како јасики, јавори, габери и липи. Многу габи можат да се пронајдат, како и места со цвеќиња, особено барските кокичиња и анемоните. Животните во паркот ги вклучуваат дивите мачки, 15 вида на лилјаци, 7 вида на клукајдрвци и преку 500 вида на бубачки.
Заштита на екосистемот
Целта на националниот парк Хајних е да врати голем дел од шумата во Средна Европа на нејзината првобитна состојба. Паркот покрива површина која порано била користена за воени вежби, со околу 50 км2 листопадна шума. Во иднина, буковата шума треба да се простира на поголемиот дел од површината на паркот.
Галерија
Литература
Hainich Artenbuch – Tiere, Pflanzen und Pilze im Nationalpark Hainich, Verlag Rockstuhl, Bad Langensalza, 2005, ISBN 978-3-937135-37-3
Филмови
Nationalpark Hainich: ein Urwald in der Mitte Deutschlands. Documentary, 30 Min., Germany, 1999, by Peter and Stefan Simank, Production: Simank-Filmproduktion, Dresden. Summary by Mitteldeutscher Rundfunk
Надворешни врски
Thüringer Gesetz über den Nationalpark Hainich vom 19. Dezember 1997 Официјална страница Информација околу Хајних на страницата на Nationalen Naturlandschaften (германски) Шумски слики од националниот парк Хајних
Категорија:Национални паркови во Германија Категорија:Заштитени области во Тирингија