LIBRIS (од англ. Library Information System) е националниот обединет каталог на Кралската (национална) библиотека на Шведска. Во него може да се пребараат преку 6,5 милиони наслови.

Покрај библиографската евиденција (по една за секое дело), LIBRIS содржи и нормативна податотека за личности. Секое лице има свој запис со датум на раѓање, занимање и единствена назнака.

MARC-назнаката на за обединетиот каталог на Шведска гласи SE-LIBR, нормализирано: selibr.

Наводи

Надворешни врски Кралска библиотека: LIBRIS „Отворени податоци“ - информации за библиографската евиденција на LIBRIS и нормативната податотека како отворени податоци

Категорија:Назнаки Категорија:Библиотечна каталогизација и класификација Категорија:Библиотеки во Шведска