Грипа () — ред што се состои од два вида на цветни растенија од семејството на маслинките (Oleaceae) автохтони на Средоземјето, Канарските Острови и Мадејра.

Овие растенија се зимземени грмушки или мали дрва високи 3-9 м и сродни на прасиката (Ligustrum), маслинката (Olea) и османтусот (Osmanthus). Листовите се мали и кожести, распоредени во спротивни парови и јајцевидни до зашилени по облик. Долиги се 2-6 см, а широки 0,5-2 см. Цветовите се мали и зеленикаво бели, мали китки. Плодот е јаткаст со една семка.

Во Република Македонија се среќаваат како примеса на термофилните заедници во Повардарието, Струмичко, Дојранско и Охридско.

Видови Phillyrea angustifolia L. - теснолисна грипа Phillyrea latifolia L. (syn. P. media) - широколисна грипа, расте во МакедонијаВладо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 23 издавач: МАНУ, Скопје, 2010

Наводи

Надворешни врски

Флора на Европа: Грипа (Phillyrea)

Категорија:Маслинки Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј