Ал Питрели () е поранешен водечки гитарист на хеви метал групата Мегадет. Дошол по препорака на Џими Деграсо, со кого претходно соработувал во бендот на Алис Купер. Го заменил Марти Фридмен само 15 минути пред закажаниот настап во Ванкувер, на 16 јануари 2000 г. Следната година со Мегадет го снимиле албумот The World Needs A Hero, а по распаѓањето на бендот во 2002 година и тој си заминал по својот пат.

Наводи

Надворешни врски

Интервју со Ал Питрели на metal4bremen.de и

Категорија:Членови на Megadeth Категорија:Американски хеви метал гитаристи Категорија:Американски музичари Категорија:Апсолвенти на колеџот за музика „Беркли“ Категорија:Живи луѓе