Знамето на Општина Прилеп е официјалното знаме на оваа македонска општина. Знамето е со сина основа и со општинскиот грб во горната половина.

Опис Знамето на општината е со сина основа и во горниот дел од знамето се наоѓа општинскиот грб. Грбот е во форма на штит со бели ивици. На штиот има приказ на Могилата на непобедените, планина (најверојатно Марковите кули) и сонце со шест големи и поголем број помали зраци.

Поврзано Општина Прилеп Грб на Општина Прилеп Знамиња на општините во Македонија

Надворешни врски Статут на Општина Прилеп

Категорија:Општина Прилеп Прилеп