Ровец или коњоштип (науч. Gryllotalpa gryllotalpa) е правокрилен инсект од фамилијата Ровци (Gryllotalpidae). Важи за значаен штетник во градинарството. Живее во бавчи и тревници и копа ходници во земјата со силните предни нозе. Се храни со штурци, ларви и корења. Во шуплините под земја женката полага 200–300 јајца; по три недели се развиваат ларви кои презимуваат под земја. Распространет е во средна Европа, но го има и во Македонија. Растат до 20–25 cm.
Наводи
Категорија:Ровци Категорија:Правокрилци Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј