Врпско (месно запишувано и како Врбско) — раселено село во Општина Прилеп, во областа Прилепско Мариово, југоисточно од градот Прилеп.
Географија и местоположба
мини|300п|лево|Воздушен поглед на селото
Ова мошне мало село се наоѓа во прилепскиот дел на областа Мариово, во источниот дел на територијата на Општина Прилеп, од десната страна на Црна Река. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 800 метри. Од градот Прилеп, селото е оддалечено дури 51 километар.
До селото води земјен пат, кој започнува од селото Витолиште до каде води асфалтираниот регионален пат 1107.
Историја
Селото Врпско во османлиските пописни дефтери:Врпско (Vrpsko) село во Прилепско Мариово. // Итар Пејо. Посетен на 3 март 2014 г.
Османски статистикиДомаќинстваНеженетиВдовициГодишен приходДефтер бр. 4 од 1476/77 г.1013823Дефтер бр. 16 од 1481/82 г.17691Дефтер бр. 73 од 1519 г.4341843Дефтер бр. 149 од 1528/29 г.36922555Дефтер бр. 232 од 1544/45 г.1831555
Стопанство
300п|мини|десно|Патоказ за селото
Атарот на селото зафаќа простор од 16 километри квадратни. На него пасиштата заземаат површина од 736,1 хектар, на шумите отпаѓаат 658,1 хектар, а на обработливото земјиште 165,6 хектари.
Во основа, селото има мешовита земјоделска функција.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Врпско живееле 230 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 247.
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Врпско имало 224 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Врпско се води како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 41 куќа.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.
Поради својата периферна местоположба, Врпско и од порано било мало село, коешто денес е раселено. Во 1961 година, селото броело 137 жители, а во 1994 година само двајца жители, македонско население.
Според пописот од 2002 година, селото Врпско било целосно раселено. Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.
Самоуправа и политика
Во век, Врпско било село во Прилепската Каза на Отоманското Царство.
Селото влегува во рамките на големата Општина Прилеп, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било седиште на некогашната Општина Витолиште, во која влегувале сите села од прилепскиот дел на Мариово.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Прилеп. Селото припаѓало на некогашната општина Мориово во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Витолиште, во која покрај селото Врпско, се наоѓале и селата Бешиште, Витолиште, Живово, Манастир и Полчиште. Општината Витолиште постоела и во периодот 1945-1952 година.
Избирачко место
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 1527 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на месната канцеларија на селото Витолиште. Во избирачкото место се опфатени населените места: Врпско, Витолиште и Живово.
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 130 гласачи. На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 131 гласач.
Културни и природни знаменитости
мини|300п|десно|Воздушен поглед на главната селска црква „Св. Архангел Михаил“
Археолошки наоѓалишта Кале — населба од доцноантичкото време; Црквиште — црква од средниот век; Градиште — доцноантичка населба и ранохристијанска црква; и Грамос — населба од непознат период.
Цркви Црква „Св. Архангел Михаил“ — главната селска црква. Изградена во 1881 година; и Црква „Св. Харалампиј“ - помала селска црква. Изградена на темели на стара христијанска базилика.
Поврзано Општина Прилеп Мариово
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Села во Македонија Категорија:Прилепски села Категорија:Села во Општина Прилеп Категорија:Раселени села во Македонија