Средно Коњари — село во Општина Петровец, во областа Блатија, во околината на град Скопје.
Географија и местоположба Селото се наоѓа во областа Блатија, на левиот брег на реката Пчиња, на околу петнаесет километри југоисточно од општинскиот центар Петровец и на 30 километри југоисточно од градот Скопје.
Историја Подрачјето на селото е населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето Пржали сместено на 5 км источно од него.
Во XIX век селото било дел од Скопската Каза во Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов (Македонија. Етнографија и статистика) од 1900 година, во Средно Коњари живееле 855 жители, од кои 820 Турци и 35 Македонци.Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.207
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 850 Турци.
Во 1991 година во Средно Коњари живееле 818 жители, од кои 599 Албанци, 90 Турци, 3 Роми и 410 останати.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.140 жители, од кои 668 Албанци, 61 Турчин, 402 Бошњаци и 9 останати.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.211 жители, од кои 7 Македонци, 608 Албанци, 89 Турци, 2 Роми, 462 Бошњаци, 2 останати и 41 лице без податоци.
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат . Државен завод за статистика.
ГодинаМакедонциАлбанциТурциРомиВласиСрбиБошњациВкупно1948—————————1.2181953——1.2607——...——1.2671961187694......—...84—8741971—389311—...—...142—84219812478176———...433—1.0891991—304751———438—8181994—599903———410—1.1022002—66861———4029—1.14020217608892——4622411.211
Во пописните години од 1961 - 1994, најголем дел од жители, кои се запишани под останати, всушност претставуваат Бошњаци, кои во соодветните пописи немало можност за декларирање на бошњачки народ.
Родови Средно Коњари порано било турско село. Но денес преовладуваат Албанците и бошњаците во селото:
Според истражувањата од 1953 година, родови во селото биле:
Доселеници: Еселер (27 к.), Агушлар (45 к.), Гунгалар (20 к.), Исеинлер (25 к.), Јонузлар (36 к.), Бичкалари (30 к.), Турколар (18 к.) Ќеримлери (18 к.) и Каранџалар (13 к.) првиот род е најстар во селото. Сите турски родови се доселени кон крајот на XVIII век од Мала Азија. Во последниот род се знае следното родословие: Рамадан (жив на 65 г. во 1953 година) Дурмиш-Демир-Шериф-Таир, кој се доселил од Мала Азија.
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости Археолошки наоѓалишта Пржали — населба од римско време Средно Коњари — осамени наоди од римско време
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништв Од 1912 до 1953 година од селото се иселиле околу 100 турски семејства, и тоа во. Скопје (50 семејства), Велес (6 семејства) и во Турција (45 семејства). Иселувањето на турското население продолжило и после 1953 година и водело исклучиво кон Турција.
Наводи
Надворешни врски