Фогтланд () — округ во југозападниот дел на сојузната покраина Саксонија, Германија, на границата со Тирингија, Баварија и Чешка. Соседни окрузи се (од југ надесно) Хоф, Зале-Орла, Грајц, Цвикау и Рудни Планини. Плауен е административен центар на округот.

Историја

Фогтланд станал дел од Светото Римско Царство во век. Во 1209 година, владејачката династија ја поделила областа на три дела, Вајда, Грајц и Гера-Плауен. Кога централната власт се намалила врз овие области, наречени на латински advocatus или на германски Vögte можеле администраторите да стекнат право на водачи на областите. 1354-1357 година завршило таквото владеење и областа преминала во посед на Бохемија.

Во 1546 година Хајнрих Четврти од Плауен ја добил областа од бохемискиот крал и подоцна император Фердинанд Први. Неговите не ја наследиле само земјата, туку и многу голем долг, па така областа била купена од Саксонија од Хајнрих Шести, а во 1569 година првпат се создал округот Фогтланд (Voigtländischen Creiß).

Во 1657-1718 година, Саксонија била поделена на делови, па така Фогтланд припаѓал на Саксо-Цајц. Во 1835 година новата уставна монархија ја променила администрацијата и го укинала стариот округ и наместо него бил создаден Amtshauptmannschaft Плауен. Во 1907 година градот Плауен излегол од округот и станал урбан округ.

Во времето на Источна Германија, владата во 1952 година спровела голема административна реформа и го преименувала областите во Kreise (окрузи) и ги создала новите окрузи Клингентал и Рајхенбах, притоа намалувајќи ја големината на претходниот округ. По повторното обединување на Германија, промените со реформата од 1952 година биле укинати и во 1996 година биле споени 5 окрузи во Фогтланд.

Со реформата на окрузите на 1 август 2008 година, градот Плауен бил вклучен во округот.

Географија

Фогтланд е именуван по географската област која ја покрива, Фогтланд. Се наоѓа на Рудните Планини и има големи површини на шуми. Главна река во округот е Вајсе Елстер.

Луѓе

Првиот германски космонаут, Зигмунд Јен е роден во Фогтланд. Во неговото родно место Моргенрете-Раутенкранц, во општината Мулденхамер, се наоѓа мала изложба Изложба на вселената.

Грб

130п|ГрбЛавот на левата страна на грбот е традиционалниот симбол на Vögte од Вајда, Гера и Плауен, кој бил донесен во 1294. Орелот на десната страна ја претставува Светото Римско Царство, бидејќи Фогтланд припаѓал на Царството.

Градови и општини

ГрадовиОпштини Адорф Ауербах Бад Елстер Елстерберг Фалкенштајн Клингентал Ленгенфелд Маркнојкирхен Нечкау Елсниц Пауза-Милтроф Плауен Рајхенбах во Фогтланд Родевиш Шенек Тројен Бад Брамбах Берген Безенбрун Ајхигт Елефелд Гринбах Хајнсдорфергрунд Лимбах Милентал Мулденхамер Нојензалц<li>Нојмарк <li>Нојштат <li>Пел <li>Розенбах <li>Штајнберг <li>Тојма <li>Тирперсдорф <li>Трибел <li>Вајшлиц <li>Верда

Наводи

Надворешни врски