За други значења на поимот Лисиче видете на појаснителната страница

Лисиче (познато и како Езеро Лисиче) — вештачко езеро во близина на велешкото село Лисиче, Македонија. Езерото влегува во групата на изградени акумулации.

Браната на езерото е подигната на Тополка и Врановска Река.

Местоположба

Акумулацијата се наоѓа во непосредна близина на велешкото село Лисиче, сместено во пазувите на планината Јакупица на територијата на Општина Чашка.

Опис

Водната површина изнесува еден квадратен километар и со своите 25 милиони кубни метри вода, се вбројува во средно големите акумулации во Македонија. Него го полнат две реки, Тополка и Врановска. Езерото основно служи за водоснабдување на 60-тина илјади луѓе, од општините Велес и Чашка и за наводнување.

Длабоко е до 60 метри и се наоѓа на 450 метри надморска височина. На средината на езерото се наоѓа водозафатната кула, која е меѓу највисоките изградени во земјава, со височина од 70 метри.

Историја

Комплетниот проект почнал да се гради од 1987 година и чинел 65 милиони евра, а завршен бил 20 години подоцна, кога бил и свечено пуштен во употреба во септември 2007 година.

Фауна

Од ихтиофауната во акумулацијата лисиче, присутни се: црна мрена, крап, кркушка, клен од семејството на краповите и македонска пастрмка од семејството на пастрмките.

Галерија

Поврзано Лисиче ХС „Лисиче“

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Лисиче (Велешко) Категорија:Вештачки езера во Македонија