мини|300п|Индоевропски јазици. Кликнете за да ја видите во поголема верзија.

Индоевропските јазици се Фамилија на јазици што ги говорат најголем број на луѓе, кои се зборуваат во поголемиот дел на Европа и областите населени со Европејци и во поголемиот дел на Југозападна и Јужна Азија. Потекнуваат од непотврдениот праиндоевропски јазик за кој се верува дека се говорел пред повеќе од 5.000 години во степските области северно од Црно Море и дека се поделил на бројни дијалекти до 3.000 година пред нашата ера.

Класификација Сатемски и кентумски јазици

Поделбата на индоевропските јазици на сатемски и кентумски била предложена од Петар фон Брадке во 1890, а Карл Бругман предложил слична поделба во 1886. Во сатемските јазици, во кои спаѓаат балто-словенските и индо-иранските, како и албанскиот и ерменскиот јазик, реконструираните праиндоевропските палатовелари останале засебни и биле фрикативизирани, додека лабиовеларите се споиле со 'обичните велари'. Кај кентумските јазици, палатовеларите се споиле со обичните велари, додека лабиовеларите останале засебни. Резултатот од овој развиток често се прикажува со зборовите за „сто“ во авестискиот јазик () и во латинскиот јазик ()—почетниот палатовелар се развил во фрикатив во првиот случај, и во обилен велар во вториот случај.

Поврзано Праиндоевропски јазик Индоевропајани Список на индоевропски јазици

Наводи

Извори

Paperback: .

Part II via Internet Archive.

Reprinted in

Категорија:Јазични семејства