Свети Константин и Елена е манастирска црква во тетовското село Вратница. Се наоѓа во долниот дел на селото, на брегот на Вратничкото Езеро во месноста Честодубје, каде се наоѓа и средновековното археолошко наоѓалиште Црквиште.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069 Црквата е дел од манастирскиот комплекс кој е во изградба. Неколкупати била цел на вандализам.

Храмот е обновен на стари темели од 12 век. Според пишаните записи и тој храм бил граден на поранешни темели што потекнувале од 6 век. На обновувањето на некогашниот манастир стар најмалку осум векови се работело десетина години. Црковсниот двор зафаќа вкупна површина од над 2,5 хектари. Камен-темелникот бил осветен на 23 јули 2000 година. Поради воениот конфликт во 2001 година извесен период изградбата била во застој. Црквата има површина од стотина квадратни метри. Фрескоживописот е дело на Венко Цветковски од Скопје. Црквата е осветена на патрониот празник на 3 јуни 2012 година. Наводи

Поврзано Црквиште - археолошко наоѓалиште од средниот век; Црква „Св. Петка“ - главната селска црква; Црква „Св. Архангел Михаил“ - гробјанска црква.

Надворешни врски Осветување на возобновената манастирска црква во Вратница - текст и галерија на слики на порталот Премин

Вратница Категорија:Вратница Категорија:Македонската архитектура во 2000 година