Поведението во економијата и сличните истражувани полиња, финансиското поведение, ги проучуваат социјалните, когнитивните и емоционалните фактори на поединечните и институционалните економските одлуки, како и последиците од промената на пазарната цена, профитот и алокацијата на ресурси. Примано, овие две полиња се насочени кон истражување на ограничената рационалност на хомоекономистите. Моделот на поведение е интегриран од психологијата на нео-класичната економска теорија. Притоа, тоа покрива спектар на концепти, методи и истражувачки полиња.<ref>Истражување на однесувањето во економијата спроведено од 2008 до .. „The New Palgrave Dictionary of Economics“ - онлајн .</ref>

Анализата на поведението не е целосно сконцентрирана кон ефектите на пазарните одлуки, туку и кон потрошувачкиот избор, што, пак, опишува друг извор на економски одлуки со сродни предрасуди кон промовирањето на личниот интерес.

Постојат три истражувани теми кои преовладуваат во финансиското поведение:

Евристика: луѓето често донесуваат одлуки засновани на проценети вредности, а не на точна логика. Кадрирање: збир на анегдоти и стереотипи кои сочинуваат умствени емоционални филтри на кои поединецот се заснова да би ги разбрал и да би одговорил на настаните. Пазарна неефикасност: тука се вклучени погрешното поставување на пазарни цени и нерационалните одлуки.

Проблеми во економското поведение Финансиско поведение

Главниот проблем на финансиското поведение е објасувањето зошто учесниците во пазарот прават систематски грешки кои влијаат на цените и на профитот создавајќи пазарна неефикасност. Исто така, финансиското поведение истражува и како останатите учесници ја арбитрираат таквата пазарна неефикасност.

Финансиското поведение го потенцира преценувањето или потценувањето на реакциите од разни информации што предизвикува пазарен тренд (и во екстремни случаи финансиски меур или пад на берзата). Таквите реакции им се припишуваат на ограничото внимание на инвеститорите, преголемата самодоверба, преголемиот оптимизам, групните инстикти и бучното тргување.

Други клучни набљудувања ја вклучуваат асиметријата помеѓу одлуките да се стекнат или задржат ресурси (позната и како парадоксот „птица во грмушка“) и загубена аверзија, неподготвеноста да се изгубат вредни поединечни или институционални поседи. Загубената аверзија се манифестира во поведението на инвеститорите како неподготвеност да се продадат хартии од вредност или друга сопственост доколку тоа резултира со номинална загуба.Џенисови & Маер, 2001 Може да помогне и во објаснувањето зошто цените на недвижнините ретко/полека опаѓаат до ниво на пазарно расчистувње за време на периоди со мала побарувачка.

Бенарѕи и Тајлер во 1995, применувајќи верзија на перспективната теорија, тврдат дека ја решиле загатката на капитална премија, нешто што конвенционалните финансиски модели до сега не успеале да го решат. опитните финансии се засноваат на опитен метод, на пример: создавајќи вештачки пазар, со соодветен софтвер за симулација, да би го проучувале процесот на донесување одлуки и поведението на луѓето вклучени во финансиските пазари.

Квантитативно финансиско поведение

Квантитативното финансиско поведение се служи со математичка и статистичка методологија за да ги разбере предрасудие во поведението. Во маркетиншкото истражување, една студија придонела малку докази за тоа дека ескалацијата на предрасудите влијае врз маркетиншките одлуки. Помеѓу најголемите придонесители се вклучени и: Гундуз Чагиналп (уредник во „Journal of Behavioral Finance“ од 2001-2004) и неговите соработници вклучувајќи го и нобеловецот од 2002 Вернон Смит, Дејвид Портер, Дон Баленович, Владимира Илиева и Ахмет Дјуран и Реј Стурм

Финансиски модели

Некои финансиски модели употребувани во менаџментот и во вреднувањето на средствата вклучуваат и параметри на финансиско поведение, како на пример:

Моделот на Тајлер за ценовната реакција од информациите со две фази - потценување-прилагодување-преценување, создавајќи пазарен тренд Едно карактеристично преценување се воочува во ситуација кога просечните приходи се намалуваат по објавена добра вест, но по објавена лоша вест истите се зголемуваат. Со други зборови, преценувањето се појавува кога пазарот реагира пресилно или предолго на одредена вест, што бара прилагодување во спротивната насока. Како резултат на тоа, средствата кои се зголемуваат во еден период најчесто се намалуваат со периодот кој следи; Коефициентот на вредност на хартиите од вредност.

Критики

Критичарите како Јуџин Фама изразуваат типична поддршка за ефикасните пазарни хипотези. Тие тврдат дека финансиското поведение е повеќе збир од аномалии отколку вистинска гранка на финансиите и дека овие аномалии се или брзо ценовно исфрлени од пазарот или, пак, објаснети со засновање на аргументите на пазарната микроструктура. Како и да е, поединечната когнитивна склоност се разликува од социјалната склоност; претходникот може да биде отфрлен од пазарот, додека другиот може да создаде позитивна повратна врска која би го однела пазарот подалеку од рамнотежната објективна вредност. Слично на тоа, за аномалија да ја повреди пазарната ефикасност, инвеститорот мора да биде способен да тргува против нејзе и да заработи абнормален профит, што не е случај кај повеќето аномалии.http://www.dimensional.com/famafrench/2009/08/fama-on-market-efficiency-in-a-volatile-market.html Фама за ефикасноста на пазарот во услови на повреден пазар

Конкретен пример на овие критики се појавува во некои објаснувања на загатката за капитална премија. Дебатирано е дека причината се влезните бариери (и физичките и психолошките) и дека повратокот на средства помеѓу акциите и обврзниците треба да биде изедначен како отворен електронски ресурс за повеќе трговци на пазарот на хартии од вредност.За преглед погледнете Фримеен, 2004 Како одговор на ова, други тврдат дека повеќето лични инвестициони фондови се менаџираат преку пензиските фондови, минимизирајќи го ефектот на овие наводни влезни бариери. Како додаток на ова, професионалните инвеститори и менаџерите на фондовите се чини дека поседуваат повеќе обврзници отколку што некој би очекувал со оглед на разликите при враќањето на средствата.

Однесување во теоријата на игри

Однесувањето во теоријата на игри е тема кој ги анализира интерактивните стратешки одлуки и поведението при употребата на методи во теоријата на игрите,Роберт Омен. „теорија на игри“, The New Palgrave Dictionary of Economics, второ издание. извадок. опитната економија и опитната психологија. Опитувањето вклучува отстапување од типичните поедноставување на испробувањето на економската теорија, како на пример независноста на нерелевантните алтернативиКолин Ф. Камерер и Тек-Хуа Хо (1994). „Прекршување на меѓузаемната аксиома и нелинеарноста во веројатноста“, Journal of Risk and Uncertainty, 8(2), стр. 167-196. и алтуризамЏејмс Андреони (2008). „Алтуризмот во опитите“, The New Palgrave Dictionary of Economics, второ издание. Апстракт., фер поделбаХ. Пејтон Јанг (2008). „Општествени норми“, The New Palgrave Dictionary of Economics, второ издание. Апстракт. и ефекти на кадрирањеКолин Ф. Камерер (1997). „Напредок во однесувањето во теоријата на игри“, Journal of Economic Perspectives, 11(4), стр. 172 [стр. 167-188 .. На страната на позитивната економија методот се применува за интерактивно учење• Вилијам Х. Сендхолм (2008). „Учење и еволуција на игрите: преглед“, The New Palgrave Dictionary of Economics, второ издание. Апстракт.   • Тек Х. Хо (2008). „Поединечно учење во игри“, The New Palgrave Dictionary of Economics, второ издание. Апстракт. и социјални предности.Мартин Дафенберг и Џорџ Кирштејгер (2004). „Теорија на секвенцијален реципроцитет“, Games and Economic Behavior, 47(2), стр. 268-298. Апстракт.• Фарук Гол (2008). „Однесување во економијата и теорија на игри“, The New Palgrave Dictionary of Economics, второ издание. Апстракт.   • Колин Ф. Крамер (2008). „Однесување во теоријата на игри“, The New Palgrave Dictionary of Economics, второ издание. Апстракт. Како истражувачки програм, темата е во подем во последните три декади• Колин Ф. Камерер (2003). „Однесување во теоријата на игри“, „Princeton“. Опис и преглед ([ctrl]+), и поглавје 1 врска.   • _____, Џорџ Ловенстејн и Метју Рабин, (2003). „Напредок во однесувањето во економијата“, „Princeton“. 1986-2003. Опис, содржина и преглед.   • Дру Фуденберг (2006). „Напредување над напредокот во однесувањето во економијата“, Journal of Economic Literature, 44(3), стр. 694-711.   • Винсент П. Крафорд (1997). „Теорија и опит во анализата на стратешката интеракција“, во Напредок во економијата и економетријата: Теорија и употреба, стр. 206-242. „Cambridge“. Реиздадено во „Напредок во однесувањето во економијата“ од Кармер (2003), „Princeton“, поглавје 12.   • Мартин Шјубик (2002). „Теорија на игри и опитни игри“ во Прирачник за теоријата на игри со економски употреби од Р. Омен, „Elsevier“, в. 3, стр. 2327-2351. Апстракт.   • Чарлс Р. Плот и Вернон Л. Смит, (2008). Прирачник од опитни економски резултати, в. 1, „Elsevier“, четврти дел, Игри преглед и поглавје 45-66 преглед врска.   • Игри и економско однесување, „Elsevier“. Aims and scope и, преглед на статиајта врски по година и проблеми.

Економско резонирање кај животни

Голем број на компаративни психолози на универзитетите во САД се обиделе да демонстрираат економско резонирање кај животните. Раните обиди на ова поле биле фокусирани кон поведението на лабораториските стаорци и гулабите. Овие изучувања се направени за постулати од психологијата на поведението, каде главната цел е да се открие аналогија со човековото поведение кај опитно приспособени животни. Тие се, исто така, методолошки слични со работата на Чарлс Ферстер и Б. Ф. Скинер.Ферстер, К. Б. (1957). Распоред на засилување. Њујорк: „Appleton-Century-Crofts“. Покрај методолошките сличности, раните истражувања врз животните отстапуваат од бихевиоризмот во нивната терминологија. Исто така, ваквите истражувања се спроведуваат во управувани комори, употребувајќи храна како награда за пробивање или странично притискање, а истражувачите, страничното притискање и пробивањето, не го опишуваат како засилување и стимулансен одговор, туку како работа, побарувачка, буџет и работна сила. Неодамнешните истражувања приспособиле малку поразличен пристап употребувајќи поеволутивно, перспективно и споредливо економско поведение на луѓето со примати.Чен, М. К. (2006). „Како основите се склоност на однесувањето?“ Доказ од однесувањето при тргување на мајмун. „J. Political Economy“, 114 (3) 517-537.

Животните како човечки аналог

Многу рани истражувања на животинското економско резонирање биле спроведени на глувци и гулаби во стручно управувани комори. Овие истражувања се насочувале кон работи како број на пробивања (во случајот на гулабите) и број на странични притискања (во случајот на глушецот) во строго одредени услови и наградувања. Раните истражувачи тврдат, на пример, дека шемата на дејствието (пробивање/странично притискање) е соодветна аналогија на човековиот паричен надоместок за одредена извршена работа.Р. К. Баталио (1981). „Income–leisure tradeoffs of animal workers“. Am. Economic Review, 71 (4) 621-632. Истражувачите од ова поле се залагаат за соодветна употреба на економското поведение на животните за да би се разбрале елементарните компоненти на човековото економско поведение.Џ. Х. Кегел (1995). Теорија на економски избор:: Опитна анализа на однесувањето на животните. Њујорк: „Cambridge University Press Syndicate“. Во книга на Баталио, Грин и Кегел од 1981, на страна 621 тие напишале:

Исплата за вложен труд