Железничка станица „Овче Поле“ — железничка станица на железничката линија Велес-Кочани во селото Амзабегово, во средишниот дел на Македонија. На неа поминуваат регионалните домашни возови од Скопје кон Кочани. Станицата поседува три колосеци.
Местоположба
Железничката станица се наоѓа недалеку од селото Амзабегово, Светиниколско, на 10 километри јужно од градот Свети Николе.
Историја
Нејзината изградба започнала во 1923 година под водство на архитектот Петар Гачиќ, а пуштена е во употреба во 1924 година.
Станицата првично имала богати фасадни украси кои денес се отсутни поради несоодветната обнова по нејзиното уништување во Втората светска војна.
Денес, станицата се наоѓа во лоша состојба.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Железничка станица „Овче Поле“ — Македонски железници ЖС Овчеполе на портал за Овчеполието
Овче Поле Категорија:Сообраќајот во Свети Николе Категорија:Амзабегово