Виена (германски: Wien) — главен град на Република Австрија и е една од деветте сојузни покраини на државата. Виена е главен град на Австрија, со население од 1,7 милиони (2,3 милиони во метрополитенската област, повеќе од 25% од населението на Австрија) и моментално е најголемиот град во државата и нејзин културен, економски и политички центар. Градот е десетти по големина во Европската Унија. Виена, како центар на Австрија, која во текот на студената војна се сметаше за неутрална земја Со влегувањето на Австрија во Европската Унија де факто земјата отстапи од неутралноста., е домаќин на голем број меѓународни организации како што се Обединетите Нации и ОПЕК.
Виена се наоѓа во источна Австрија, блиску до Словачка, Чешката Република и Унгарија. Овие региони работат заедно во централниот европски граничен регион. Поради нејзината близина со Братислава, Виена образува метрополитански регион од 3 милиони граѓани. Во 2001 година, центарот на градот стана дел од Светското Наследство на УНЕСКО.
Во една студија од 2005 година, помеѓу 127 светски градови, градот Виена заедно со Ванкувер се наоѓа на прво место според квалитет на животот. Ова го потврдиле и студиите на Mercer Survey во 2009 и 2010 година. Исто така, градот бил рангиран на првото место според културата и иновацијата во 2007 и 2008, и на второ место, глобално во 2009, според мислењата на анкетирани граѓани на прашања кои содржеле 162 индикатори, вклучувајќи ги културата, инфраструктурата и др. Виена редовно е домаќин на конференции за урбано планирање.
Според магазинот Monocle, градот зазема високи места според стандардите за живеење, односно се наоѓа на петтото место во 2010.
Име
Македонското име Виена, официјалното германско име Wien, англиското Vienna, како и имињата на градот во повеќето јазици, најверојатно се добиени од келтското име на населбата. Според некои името доаѓа од зборот Vedunia што во превод би значело шумски поток, коешто подоцна мутирало во Виена, Vienna и Wien. Според друга теорија името доаѓа од староримската населба Виндобона, што најверојатно значи бел под, од коешто подоцна настанале Vindovina, Vídeň (чешки) и Wien.
Името на градот на унгарски e Bécs, на босански, хрватски и српски e Beč, на отомански турски е Beç. Овој назив на градот има поинакво потекло, најверојатно словенско потекло.Encyclopedia Britannica 1911 edition
На словенечки градот се вика Dunaj што истовремено во словенечкиот јазик е називот на реката Дунав.
Историја thumb|left|145px|Римски урнатини кај Мишалерплац. thumb|Виена во 1493.
Градот е основан во 500 п.н.е., и претставува келтска населба. Во 15 г. п.н.е., градот станал римски стратешки град (во тоа време бил нарекуван Виндобона) кој бил важен за одбраната на Царството од Германските племиња на север.
Во XIII век Виена влегла во судир со Монголското Царство, која се простирала главно на територијата на денешните Русија и Кина. Сепак, поради смртта на монголскиот водач, Угедеј Кан, армијата на Монголците се откажала од еврпоскиот фронт и не се вратила на таа територија никогаш повеќе.
За време на средниот век, Виена претставувала дом на Бабенгерската династија, а во 1440 година градот станал престолнина на Хабсбуршката династија. Со текот на времето градот се развил и станал главен град на Светото римско Царство и центар за уметноста и науката и на добрата кујна. Бил окупиран од страна на Кралството Унгарија во периодот од 1485 до 1490. Во XVI и XVII век, отоманската војска двапати не успеала да го освои градот во 1529 и во 1683 година. Во 1679 година Виена била зафатена од голема чума која успеала да однесе во смрт една третина од населението во градот.
Во 1804 година градот станал главен град на Австриското Царство и продолжил да игра важна политичка улога како седиште на државата која била прв одбранбен бедем на европската цивилизација од Отоманското Царство. Таа била домаќин и на конгресот од 1814 година. По австроунгарскиот компромис од 1867 година, Виена продолжила да биде главен град, но тогаш на Австроунгарија. Градот станал центар на класичната музика, па поради тоа за првата музичка школа некогаш се користи насловот Прва Виенска школа. Во втората половина на XIX век, градот почнал забрзано да се развива. Бил изграден голем булевар околу стариот град, поранешните населби биле поврзани во градот. Заедно со развојот се зголемувало и неговото население. Во 1918, по Првата светска војна, Виена станала главен град на Првата Австриска Република.
Од доцниот XIX век, па сè до 1939 година градот продолжил да биде центар на високата култура и доцниот модернизам. Како светски главен град на музиката, градот бил родно место на композитори Јоханес Брамс, Антон Брукнер, Густав Малер и на Рихард Штраус. Виена, исто така, била позната и по убавата архитектура, во која главно преовладува ренесансниот стил. Ширум територијата на Австрија, градот се сметал за центар на социјалистичката политика, па поради тоа бил нарекуван и Црвената Виена. Во 1938 година кога триумфално навлегол во Австрија, Адолф Хитлер им се обратил на Австријците од балконот на Ненбург, дел од Палатата Хофбург кај Хелденплац.
Помеѓу 1938 г. и крајот на Втората светска војна, Виена го изгубила статусот на главен град и неа ја заменил Берлин. Тоа се случило како резултат на аншлусот кој Нацистичка Германија го извршила врз Австрија и со ја припоила, оваа како што тогаш сметале германска територија, кон нејзината територија.
right|250px|thumb|Мапа на Виена, 1773-1781. thumb|Поглед на Виена од 1758 година, дело на Бернардно Белото.
На 2 април 1945 година, Советскиот Сојуз ја започнал Виенската офанзива против Германците, при тоа градот бил под опсада сѐ додека не паднал две недели подоцна. Австрија повторно станала независна држава на 27 април 1945 година, а Виена повторно го добила статусот главен град. Четирите армии кои учествувале во опсадата на градот ја поделиле Виена на четири сектори, кои биле надгледувани од страна на Командата на сојузниците за Австрија.
Британските и американските воздушни напади и артилериски двобои со Вехрмахтот, како и Црвената Армија ја раздориле инфраструктурата на градот, најмногу во делот на трамвајските услуги и водата, но и во дистрибуцијата на електрична енергија. Биле уништиле и голем број на јавни и приватни згради. Дури во 1955 година, по долги години на реконструкција Државната опера и „Бург театарот“ биле повторно отворени.
Окупацијата на Виена од страна на Сојузниците, се разликувала од онаа на Берлин. Централната област на градот и првиот округ претставувале меѓународна зона во која четирите сили ја менувале контролата еднаш месечно. Сепак, и покрај стравовите и некои други проблеми, Советскиот Сојуз не извршил целосна блокада на градот, како што го направил тоа со Берлин. За време на 10-те години туѓа окупација, Виена станала епицентар за меѓународната шпионажа помеѓу Западниот и Источниот блок.
Во 1970-тите, австрискиот канцелар Бруно Крајски го отворил „Виенскиот меѓународен центар“, нов дел од градот во која се планирало да се изградат и сместат меѓународни институции. Виена повторно го враќа својот дух на меѓународен центар со тоа што станува домаќин на многу меѓународни организации како Обединетите Нации, Меѓународната агенција за атомска енергија, Организацијата на земји извознички на нафта и Организацијата за безбедност и соработка на Европа.
Историско население thumb|right|Жители на Виена според официјалните пописи: од 1800 до 2005.
Поради индустријализацијата и имиграцијата од другите делови на Царството, населението во Виена нагло се зголемило во периодот кога била главниот град на Австроунгарија (1867–1918). Во 1910 година, Виена имала население поголемо од 2 милиона и во тој период тој бил еден од шесте најголемите градови во светот. На крајот на векот, Виена бил втор град по бројот на Чешко население во светот, веднаш после Прага.Czech and Slovak roots in Vienna , wieninternational.at Сепак, после Првата светска војна, многу Чеси и Унгарци се вратиле назад во нивните родни земји, со што бројот на жители на Виена се намалил. Кога станува збор за етничките групи, околу една третина од население на градот биле луѓе со словенско или унгарско потекло. Во 1923 година, имало околу 201,513 Евреи кои живееле во Виена, со што била трета најголема еврејска заедница во Европа."Vienna". Jewish Virtual Library.
Од 2001 година, 16% од луѓето кои живеат во Виена не се Австријци по националност, скоро половината од нив биле од поранешна Југославија, главно Срби;Statistik Austria, Bevölkerung 2001 nach Umgangssprache, Staatsangehörigkeit und Geburtsland по нив следуваат Турците (39,000 или 2.5%), Полјаците (13,600 или 0.9%) и Германците (12,700 или 0.8%).
Според статистиките во 2011 година, населението во градот Виена е нешто помало од 1,8 милиони жители, од кои околу 30% имаат странско потекло. Најголема странска етничка заедница претставуваат населението од Србија и Косово (преку 120 000), Германци (преку 120 000), население од Босна и Херцеговина (преку 100 000), Турци (преку 80 000), Унгарци, Хрвати и други.
{| class="wikitable" style="text-align: center;" ! Година | 1754 || 1800 || 1850 || 1900 || 1910 || 1923 || 1939 |- ! Вкупнонаселение | 175,460 || 271,800 || 551,300 || 1,769,137 || 2,083,630 || 1,918,720 || 1,770,938 |- | colspan="8" | |- ! Година | 1951 || 1961 || 1971 || 1981 || 1991 || 2001 || 2008 |- ! Вкупнонаселение | 1,616,125 || 1,627,566 || 1,619,885 || 1,531,346 || 1,539,848 || 1,550,123 || 1,678,435
Географија и клима
Виена е сместена во североисточна Австрија, на најисточниот продолжеток на Алпите во Виенската Котлина. Најраната населба, на територијата на денешниот современ град, била јужно само на јужниот брег на Дунав, додека денеска градот се простира на двете страни од реката. Надморската висина се движи од 151 до 524 м.
Виена има морска клима според класификацијата на Köppen. Градот има топли лета со средни високи температури од 22 до 26 °C, со максимални достигнувања преку 30 °C и најниски со околу 15 °C. Зимите се релативно студени со средни температури кои достигнуваат точка на замрзнување, а исто така врне и снег најчесто од декември до март. Пролетта и есента во главно се пријатни и благи. Врнежите генерално се умерени во текот на годината и нивниот просек изнесува 620 mm.
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Нов Дек ГодишноСредна висока температура (°C) 2.9 5.1 10.3 15.2 20.5 23.4 25.6 25.4 20.3 14.2 7.5 4.0 14.53Минимална температура (°C) -2.0 -0.9 2.4 5.8 10.5 13.5 15.4 15.3 11.7 7.0 2.4 -0.5 6.72Врнежи (mm) 37.2 39.4 46.1 51.7 61.8 70.2 68.2 57.8 53.5 40.0 50.0 44.4 620.3
Окрузи и проширување
thumb|Мапа на окрузите на Виена со броеви. thumb|Сателитски поглед на Виена.
Виена е составена од 23 окрузи (на германски: Bezirke). Канцелариите на управните окрузи во Виена, служат слично како и оние во другите држави, полицајците се главен предмет на градоначалникот; со исклучок на полицијата која во Виена е предводена од Министерот на Полицијата (во исто време и еден од деветте директори на Министерството за безбедност), сојузна канцеларија, директно одговорна на Министерот за внатрешни работи.
Како што било планирано во 1919 година, за цела Австрија, но не било воведено, населението во округот Виена (Австрија, како и граѓаните на ЕУ со целосен престој овде) ја бираат општината на округот, која пак го бира шефот, како и политички претставник на округот на ниво на градот. Општината на округот има некои права во политичката моќ од областа на планирањето, градењето и сообраќајот.