Петер Естерхази (унгарски: Esterházy Péter), (14 април 1950, Будимпешта, Унгарија 14 јули 2016) — современ унгарски писател и есеист.
Животопис Петер Естерхази е роден во 1950 година во Будимпешта како потомок на најпознатото унгарско благородничко семејство кое во текот на неколку векови давало грофови, бискупи и кардинали, и имало големо влијание врз унгарската и врз австроунгарската политика.Тој бил првиот припадник на семејството Естерхази кој не е роден како гроф. Татко му, кој бил последниот гроф Естерхази, бил соработник на унгарската комунистичка полиција. И покрај тоа, унгарската комунистичка власт го конфискувала целиот имот, а во 1951 година семејството Естерхази било депортирано во внатрешноста на Унгарија, каде грофот Естерхази (доктор по право) бил принуден да работи на државните земјоделски имоти. Дури во 1956 година, на семејството му било дозволено да се врати во Будимпешта, каде Петер Естерхази учел во престижната црковна гимназија, матурирал во пијанистичката гимназија, а на универзитетот ЕЛТЕ дипломирал математика. Некое време, активно играл фудбал. До 1978 година работел на математичкиот институт во Будимпешта, а во 1978 година станал професионален писател. Естерхази бил член на Германската академија за јазикот и книжевноста и на Европската академија на науките, уметностите и книжевноста.Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009, стр. 234. „O piscu“, во: Peter Esterhazi, Ništa od umetnosti. Arhipelag, Beograd, 2015, стр. 179-180.
Творештво Естерхази работел како професионален писател од 1978 година. Речиси осумвековната историја на своето славно семејство ја опишал во романот „Harmonia caelestis“ кој го пишувал околу десет години. Две години подоцна, откако дознал дека татко му бил соработник на комунистичката власт, го напишал продолжението на овој роман, насловено како „Поправено издание“. Во 1993 година, заедно со Имре Кертес, ја објавил книгата „Истата приказна“, која содржи два расказа: Кертесовиот „Записник“ и расказот „Животот и книжевноста“ на Естерхази.„O piscu“, во: Peter Esterhazi, Ništa od umetnosti. Arhipelag, Beograd, 2015, стр. 179-180.
Делата на Естерхази се преведени на повеќе европски јазици: шпански, португалски, шведски, норвешки, дански, италијански, германски, англиски, француски, бугарски, словенечки, српски, чешки, полски, естонски, летонски, фински, турски, еврејски и руски. Исто така, четири негови раскази се објавени на македонски јазик во 2009 година како дел на антологијата на унгарскиот краток расказ "Сецирање на живо", во издание на издавачката куќа "Темплум".Сецирање на живо - Антологија на унгарскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2009.
Негови поважни дела се: „O piscu“, во: Peter Esterhazi, Ništa od umetnosti. Arhipelag, Beograd, 2015, стр. 179-180. Франчико и Пинта (кратки раскази), 1976 Производен роман (роман), 1979 Висок, 1981 Кој ја гарантира безбедноста на оваа дама, 1982 Кочијаши, 1983 Мала унгарска порнографија, 1984 Помошните глаголи на срцето, 1985 Вовед во убавата книжевност, 1986 Даванаесет лебеди (роман) 1987, објавен под името Лили Чоконаи Книга за Храбал (роман) 1990 Од кулата од слонова коска, 1991 Чудесниот живот на рипката, 1991 Погледот на грофицата Хан-Хан. Низводно по Дунав, 1992 Истата приказна, 1993 (заедно со Имре Кертес) Записите на еден душогрижник, 1994 Проштална симфонија, 1994 Една жена (роман) 1995 Мочуришно петле, 1996 Harmonia caelestis, 2000 Поправено издание, 2002 Слободата е тежок отров, 2003 Германија во шеснаесетникот, 2006 Ништо од уметноста (роман) 2008 Вечер, 2010 Едноставна приказна, 2013 Едноставна приказна — верзија по Марко, 2014
Признанија Петер Естерхази е добитник на повеќе награди, како што се:„O piscu“, во: Peter Esterhazi, Ništa od umetnosti. Arhipelag, Beograd, 2015, стр. 180. Наградата „Милан Фушт“, 1983 Кошутовата награда Хердеровата награда Бјорнсоновата награда Легијата на честа во областа на уметноста и книжевноста Наградата за мир на германските издавачи и книжари Наградата „Шандор Мараи“ Наградата „Тибор Дери“, 1984 Наградата „Атила Јожеф“, 1986 Prix du Meilleur Livre Étranger „Vilenica“, 1989 Книга на годината во Унгарија, 1999 Österreichische Staatpreis für Europäischen Verständigung, 1999 Grinzane Cavour-Prize, 2004 Меѓународната книжевна награда „Пабло Неруда“, 2006 Наградата „Angelus“, 2008
Наводи
Категорија:Унгарски писатели Категорија:Родени во 1950 година Категорија:Луѓе од Будимпешта Категорија:Членови на Берлинската академија на уметностите Категорија:Починати во 2016 година