Франсиско Хавиер Арамендија Љоренте (; р. во ) — поранешен шпански професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2008-2016 година.

Професионална кариера

На Вуелта а Еспања 2012, Арамендија се појавувал во голем дел од долгите бегства, освојувајќи ја наградата за борбеност четирипати во текот на трката, рекорд за Вуелта во таа година. Се чинело дека има големи шанси да ја добие титулата најборбен возач на крајот на трката, но го победил Алберто Контадор.

Арамендија бил именуван за најборбен возач на целата трка на Вуелта а Еспања 2013, откако на трипати бил прогласен за најборбен возач на поединечните етапи.

Достигнувања

2006 1. Етапа 2 Бизкаико Бира 2012 Вуелта а Еспања 20п Награда за борбеност на етапите 2, 7, 8 и 10 2013 Вуелта а Еспања 20п Награда за борбеноста на етапите 7, 9, 17 и на цела трка 2014 Вуелта а Еспања 20п Награда за борбеност на етапите 2, 8 и 15

Наводи

Надворешни врски

Профил на Cycling Base

Категорија:Шпански велосипедисти Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Памплона