Турнирот во теквондо до 58 килограми во машка конкуренција на Летните олимписки игри 2012 беше одржан на 8 август, во Ексел Центарот во Лондон.

Формат на натпреварување Главната ждребка се состои од едноставен елиминационен турнир, кулминирајќи во натпревар за златен медал. На натпреварите во теквондо се доделуваат два бронзени медали. За утврдување на освојувачите на бронзените медали се користи репасаж. Секој натпреварувач кој загубил од еден од двата финалисти се натпреварува во репасажот, кој претставува елиминационен турнир. Поразените во полуфиналето се соочуваат со натпреварувачите кои загубиле од финалистите во елиминационата рунда и во четвртфиналето.Men's Taekwondo competition format. Accessed 2 May 2012.

Распоред Сите саатници се по Британско летно време (UTC+1) Датум Време РундаСреда, 8 август 2012 <b>09:1515:1517:1722:30 <b>Преелиминарна рундаЧетвртфиналеПолуфиналеФинале

Резултати На 13 јули 2012 година, Светската теквондо федерација ја објавила првичната ждребка која ги вклучувала осумте носители во натпреварувањето. Ждребката со останатите натпреварувачи била извлечена на 6 август 2012.

Главен ждреб Легенда ЗЛП - Победа на златен бод. ПР - Победа на разлика. Ова се случува кога натпреварувачот има водство од 12 бода на крајот на втората рунда или дошол до предност од 12 бода во третата рунда.

Репасаж Секој натпреварувач кој загубил од еден од двата финалисти се натпреварува во репасажот, кој претставува елиминационен турнир. Поразените во полуфиналето се соочуваат со натпреварувачите кои загубиле од финалистите во елиминационата рунда и во четвртфиналето.

Наводи

Надворешни врски Теквондо до 58 кг за мажи на london2012.com

Мажи до 58 кг