Паул Бидерман (роден 7 август 1986) е германски пливач од Хале и актуелен светски рекордер на 200 и 400 метри краул на долг курс. Тој исто така ги држи рекордите на краток и долг курс во овие дисциплини
Кариера Бидерман го освоил златото во дисциплината 200 м краул на долг курс на Европското првенство 2008, завршувајќи ја трката со време од 1:46.59 секунди.
Со испливаните времиња на 400 м краул (3:47.69) и 200 м краул (1:46.37) Бидерман успеал да се квалификува за Летните олимписки игри 2008 во Пекинг. На Олимписките игри, тој завршил 5-ти во финалето од дисциплината 200 м краул (1:46.00) и 17-ти во вкупниот пласман на 400 м краул (3:48.03).
Светски првенства 2009 и 2010
На 26 јули 2009, Бидерман го освоил златото во финалето на 400 м краул на Светското првенство 2009 престигнувајќи го шампионот на 1500м Усама Мелули во последните 50 метри, со време од 3:40.07, поставувајќи нов светски рекорд победувајќи го времето на Ијан Торп од 2002 за само една стотинка.
На 26 јули, тој го освоил своето второ злато на 200 м краул, победувајќи го Мајкл Фелпс со нов светски рекорд од 1:42.00 секунди и подобрувајќи го своето најдобро време за повеќе од 4 секунди.
На Светското првенство 2010 на краток курс, Бидерман го освоил златото на 400м краул, победувајќи го Усама Мелули во трка која повторно наликувала на трката од претходната година. Во дисциплината 200м краул, иако го држел светскиот рекорд, на крајот сепак завршил само 5-ти. Тој бил за една секунда послаб од Рајан Лохте.
Светско првенство 2011 Бидерман ги собрал бронзените медали во дисциплините 200м краул, 400м краул и во штафетата 4x100м мешано, како и завршил 4-ти во штафетата 4х200м краул заедно со германскиот пливачки тим. Тој загубил од Мајкл Фелпс во дисциплината 200м краул за само 0.09 секунди, но затоа во финалето на штафетата 4х200м краул неговото време било за 0.33 секунди подобро од времето на Фелпс, усогласувајќи го нивното соперништво на 3-3 во големите финалиња.
Лични рекорди 200 м краул: 1:42.00 (28 јули 2009) 25px| 400 м краул: 3:40.07 (26 јули 2009) 25px|
Наводи
Results from DSV
Надворешни врски Swim Rankings Резултати Официјално мрежно место Профил на sportsreference.com
Категорија:Родени во 1986 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Германски пливачи Категорија:Пливачи на Летните олимписки игри 2012