Вод на смртта (англиски: Platoon) — американски воен-филм од 1986, режиран од Оливер Стоун, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Том Беринџер, Вилјем Дефо, Форест Витекер и Чарли Шин. Овој филм е првиот од трилогијата на Стоун за виетнамската војна. Поради реализмот во прикажувањето на воените дејства и осудата на војната, филмот добил четири награди „Оскар“: за најдобар филм, за режија, за звук и за монтажа.

Содржина Филмот ги прикажува доживувањата на еден мал воен одред во Виетнамската војна во текот на 1967 година. Настаните во филмот се раскажани преку исповедот на младиот доброволец (го игра Шин), кој дури откако ќе замине на фронтот сфаќа колку бил наивен неговиот идеализам и колку е страшна војната. Таму, малдиот војник се соочува со дрогата што ја користат војниците, со насилството над цивилното население, итн. Момчето се наоѓа растргнато меѓу двајца пониски офицери, суровиот професионалец (го игра Беринџер) и хуманиот офицер (го игра Дефо).

Надворешни врски

„Entertainment Weekly“ интервју со Стоун

Наводи

Категорија:Филмови од 1986 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски филмови Категорија:Добитници на оскар за најдобар филм Категорија:Филмови снимени на Филипини Категорија:Филмови на Orion Pictures Категорија:Филмови за Виетнамската војна Категорија:Филмови со Форест Витекер Категорија:Филмови со Чарли Шин Категорија:Филмови со Том Беринџер Категорија:Филмови со Вилјем Дефо Категорија:Филмови на Оливер Стоун