Рак на бели дробови е болест карактеризирана со неконтролиран клеточен раст во ткивата на белиот дроб. Ако се остави без лекување, овој раст може да се прошири надвор од белите дробови во други делови од телото, преку процес којшто се нарекува метастазирање. Повеќето ракови кои почнуваат во белите дробови, наречени примарни белодробни тумори, се карциноми кои потекнуваат од епителни клетки. Главната поделба на белодробниот карцином е на ситноклеточен белодробен карцином () и неситноклеточен белодробен карцином (non-small cell lung carcinoma). Најчестата причина за белодробен рак е долготрајно пушење тутун. Непушачите заземаат 15% од случаите со рак, а во овие случаи болеста често се препишува на комбинација од генетски фактори, изложеност на радон, азбест и загадување на воздухот, вклучувајќи и пасивно пушење.
Најчестите симптоми се кашлање (вклучувајќи искашлување на крв), губење на телесна тежина и недостиг на воздух. Ракот на белите дробови може да се види на градна радиографија и компјутеризирана томографија. Дијагнозата се потврдува со биопсија. Таа вообичаено се извршува преку бронхоскопија или преку биопсија водена од компјутеризирана томографија. Лекувањето и прогнозата зависат од хистолошкиот вид на рак, стадиумот (степен на ширење) и општата состојба на пациентот. Во вообичаените форми на лекување се вклучени хируршка операција, хемотерапија и радиотерапија. Крупноклеточниот карцином понекогаш се лекува со операција, додека ситноклеточниот обично подобро реагира на хемотерапија и радиотерапија.
Ширум светот, белодробниот рак е најчестата причина за канцер-асоцирана смртност меѓу мажите и жените и е одговорна за 1,38 милиони смртни случаи годишно од 2008 година. Севкупно, 17.4% од луѓето во САД дијагностицирани со рак на белите дробови преживуваат пет години по дијагнозата, додека во земјите во развој исходот во просек е полош.
Класификација Белодробните ракови се класифицираат според хистолошкиот тип Оваа класификација има важни импликации за клиничкото водење и прогнозата на болеста. Огромното мнозинство на белодробни ракови се карциноми — злоќудни тумори кои потекнуваат од епителни клетки. Белодробните карциноми се категоризираат според големината и изгледот на злоќудните клетки, видени од страна на патолог под микроскоп. Двете општи класи се неситноклеточен (non-small cell) и ситноклеточен (small cell) белодробрен карцином.
Неситноклеточен белодробен карцином Инциденца на различни типови на белодробен рак, прилагодена по возраст Хистолошки тип Инциденца (на 100,000 годишно) Сите типови 66,9 Аденокарцином 22,1 Сквамозен карцином 14,4 Ситноклеточен карцином 9,8 мини|лево|Микрографија на сквамозен карцином, тип на неситноклеточен карцином. Пап обојување.
Постојат три главни поттипови: аденокарцином, сквамозен карцином и крупноклеточен белодробен карцином.
Приближно 40% од белодробните ракови се аденокарциноми. Овој тип на тумор обично потекнува во периферните белодробни ткива. Повеќето случаи на аденокарцином се поврзани со пушење; сепак, меѓу луѓето кои имаат испушено помалку од 100 цигари во нивниот живот („кои никогаш не пушеле“), аденокарциномот е најчестата форма на белодробен рак. Еден поттип на аденокарцином, бронхоалвеоларен карцином, е почест кај жени кои никогаш не пушеле и може да има различни одговори на терапија.
Сквамозниот карцином е одговорен за околу 30% од белодробните ракови. Тие обично се појавуваат близу големи дишни патишта. Во средината на овој тумор често се наоѓа некроза и празнини.
Околу 9% од белодробните ракови се крупноклеточни карциноми. Тие се наречени така затоа што туморските клетки се големи, со многу цитоплазма, големo јадро и назначени јадренца.
Ситноклеточен белодробен карцином мини|лево|Ситноклеточен белодробен карцином (микроскопски преглед на материјал од основна (core) тенкоиглена биопсија).
Кај ситноклеточниот белодробен карцином, клетките содржат густи невросекреторни гранули (везикули кои содржат невроендокрини хормони) кои кај овој тумор предизвикуваат поврзаност со ендокрин/паранеопластичен синдром. Повеќето случаи се јавуваат во поголемите дишни патишта (примарни и секундарни бронхи). Овие тумори растат бргу и се шират рано во текот на болеста. 60–70% имаат метастатска болест во моментот на откривање. Овој тип на белодробен рак е силно поврзан со пушење.
Други Четири главни хистолошки поттипови се препознаваат, иако некои ракови можат да содржат комбинација од различни поттипови. Во ретките поттипови спаѓаат жлездени тумори, карциноид и недиференцирани карциноми.
Метастази Белите дробови се често место за метастази од тумори од други делови на телото. Овие тумори се нарекуваат секундарни и се класифицираат според местото на потекло; на пример, рак на дојката којшто се проширил до белите дробови се нарекува метастатски рак од дојката. Метастазите често имаат карактеристичен кружен изглед на граден радиограм.
Типични имунолошки боења кај белодробен рак Хистолошки тип Имунолошко боење Сквамозен карцином позитивен за CK5/6 негативен за CK7 Аденокарцином позитивен за CK7 позитивен за TTF-1 Крупноклеточен карцином негативен за TTF-1 Ситноклеточен карцином позитивен за TTF-1позитивен за CD56позитивен за хромогранинпозитивен за синаптофизин
Примарните белодробни тумори најчесто метастазираат во мозокот, коските, црниот дроб и надбубрежната жлезда. Имунолошко боење на материјал од биопсија е честопати од помош за утврдување на оригиналниот извор на метастазата.
Знаци и симптоми Во симптомите и знаците коишто можат да укажат на белодробен рак спаѓаат: кашлање загуба на телесна тежина диспнеја (глад за воздух) градна болка хемоптиза (искашлување на крв) коскена болка барабанести прсти треска замор опструкција на горната шуплива вена дисфагија (отежнато голтање) визинг (дишни свирежи) Ако туморот расте во дишен пат, може да го попречува протокот на воздухот, предизвикувајќи отежнато дишење. Опструкцијата може да води до собирање на секрети зад блокот и може да предиспонира кон пневмонија.
Зависно од типот на туморот, вниманието кон болеста може најпрво да биде привлечено од страна на таканаречениот паранеопластичен синдром. Во белодробниот рак, овој синдром во себе може да вклучи Ламберт-Итонов мијастеничен синдром (мускулна слабост заради автоантитела), хиперкалцемија или синдром на несоодветно лачење на антидиуретски хормон. Туморите во врвот () на белодробното крило, познати како Панкост тумори, можат да се прошират во локалниот дел на симпатичкиот нервен систем, водејќи до Хорнеров синдром, како и до оштетување на брахијалниот плексус.
Многу од симптомите на белодробен рак (намален апетит, губење на телесна тежина, треска, замор) се неспецифични. Кај многу пациенти, ракот веќе се има проширено надвор од изворното место уште пред да се појават симптомите и да се побара медицинска помош. Чести места на метастазирање се: мозок, коска, надбубрежна жлезда, контралатералното (спротивното) белодробно крило, црниот дроб, перикардот и бубрезите. Околу 10% од луѓето со белодробен рак немаат симптоми за време на дијагнозата — овие тумори се откриваат случајно преку рутинска градна радиографија.
Причини Туморите се развиваат по оштетување на ДНК. Ова генетско оштетување ги засега нормалните функции на клетката, вклучувајќи клеточна пролиферација, програмирана клеточна смрт (апоптоза) и поправка на ДНК. Како што се насобира поголемо оштетување, така се зголемува ризикот за рак.
Пушење мини|десно|Графикон од Националните институти за здравство на САД кој покажува како зголемувањето во продажбата на производи од тутун во САД во првите четири декади во на XX век (цигари по лице по година) довело до соодветно брзо зголемување во инциденцата на белодробен рак во 1930-те, 40-те и 50-те (смртни случаи од белодробен рак кај машкото население по година). мини|Напречен пресек на човечко белодробно крило. Белиот дел во горниот резен е рак; црнообоените делови се резулат на пушење. Пушењето, особено на цигари, е убедливо главниот придонесувач кон белодробен рак. Чадот од цигарите содржи преку 60 познати канцерогени, вклучувајќи радиоизотопи на радон, нитрозамин и бензопирен. Дополнително на тоа, никотинот најверојатно го намалува имуниот одговор кон злоќудниот раст во изложеното ткиво. Ширум развиените земји во 2000 година, 91% смртните случаи поврзани со белодробен рак биле препишани на пушење (71% за жените). Во САД, пушењто е одговорно за 80-90% од случаите со белодробен рак.
Пасивното пушење — вдишувањето на чад од цигарите кои ги пуши некој друг — е причина за белодробен рак кај непушачите. Како пасивен пушач може да се класифицира било која личност која живее или работи со пушач. Истражувањата од САД,* Европа, Обединетото Кралство, и Австралија доследно покажуваат значајно зголемен ризик за рак меѓу оние кои се изложени на пасивно пушење. Оние кои живеат со лице кое пуши имаат зголемување на ризикот од 20-30%. Пасивното пушење причинува околу 3.400 смртни случаи од белодробен рак годишно во САД.
Гас на радон Радон е гас без боја и мирис кој се создава од распаѓањето на радиоактивен радиум, кој пак, од своја страна е распаден производ на ураниумот којшто се наоѓа во кората на Земјата. Производите од радијационото распаѓање го јонизират генетскиот материјал, предизвикувајќи мутации кои понекогаш можат да бидат канцерогени. Радонот е втората најчеста причина за белодробен рак во САД, по пушењето. Ризикот се зголемува за 8-16% за секоe зголемување на концентрацијата на радон од 100 Bq/m³. Нивоата на радон варираат по локации и по составот на земјиштето и камењата. На пример, во одредени области, како Корнвол во Обединетото Кралство (каде што има гранит како супстрат), гасот на радон е голем проблем и зградите се принудени да бидат вентилирани за да се намалат концентрациите на радон. Агенцијата за заштита на животната средина на Соединетите Држави проценува дека во 1 од 15 домови во САД, нивоата на радон се над препорачаните од 4 pCi/L (148 Bq/m³).
Азбест Азбестот може да предизвика многу белодробни болести, вклучувајќи рак. Постои синергистички ефект меѓу пушењето тутун и азбестот во создавањето на белодробен рак. Азбестот исто така може да предизвика тумор на плеврата кој се нарекува мезотелиом (кој се разликува од белодробниот рак).
Загадување на воздухот Загадувањето на надворешниот воздух има мал ефект во зголемувањето на ризикот од белодробен рак. Ситните честички (PM2.5) и сулфатните аеросоли кои можат да бидат ослободени во издувните гасови од сообраќајот, се поврзани со благо покачен ризик. За азот диоксид, зголемување од 10 ppb го зголемува ризикот за 14%. Загадувањето на воздухот се смета дека е одговорно за 1-2% од случаите на белодробен рак.
Генетика Постои генетска склоност кон белодробен рак. Кај роднините на луѓе со белодробен рак, ризикот е зголемен за 2,4 пати. Ова можеби е резултат на генетски полиморфизам.
Патогенеза
Слично на други тумори, белодробниот рак започнува преку активација на онкоген или деактивација на тумор-супресорни гени. Онкогените се гени за кои се верува дека ги прават луѓето поподложни кон развивање на тумор. Протоонкогените се гени кои се претвораат во онкогени при изложување на одредени канцерогени. Мутации во K-ras протоонкогенот се одговорни за 10-30% од белодробните аденокарциноми. Рецепторот за епидермалниот фактор за раст (РЕФР) ја регулира клеточната пролиферација, апоптоза, ангиогенеза и туморска инвазија. Мутациите и амплификацијата на РЕФР се чести во неситноклеточните белодробни карциноми и ја нудат основата за лекување со РЕФР-инхибитори. Her2/neu е поретко засегнат. Хромозомско оштетување може да доведе до губиток на хетерозиготност. Ова може да предизвика онеспособување на туморопотиснувачките гени. Оштетување на хромозомите 3p, 5q, 13q и 17p се особено чести во ситноглеточниот белодробен карцином. Тумор-супресорниот ген p53, сместен на хромозомот 17p, е засегнат во 60-75% од случаите. Други гени кои се честопати мутирани или амплифицирани се c-MET, NKX2-1, LKB1, PIK3CA, and BRAF.
Дијагноза мини|Граден радиограм кој покажува тумор во левиот бел дроб.