Тајмиште — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Географија и местоположба Тајмиште е планинско село, сместено во крајниот северозападен дел на Кичевската котлина, на тромеѓата помеѓу кичевскиот, гостиварскиот и мавровскиот крајТрифуноски Ф. Јован. „Кичевска Котлина - сеоска насеља и становништво“. Скопје, 1968 г. стр.64. Селото се наоѓа во подножјето на планината Бистра, на само 4 км од автопатот Скопје - Охрид, помеѓу Кичево и Гостивар. Од градот Кичево е оддалечено 22 км, а од Гостивар 27 км. Распослано е на левата страна од Тајмишка Река на планинска падина свртена кон југоисток.

Историја

На атарот на селото Тајмиште се забележани старини и остатоци од градби од различни историски периоди. На возвишението Градиште, како и во месности (Лешов Тор) западно од селото се забележани остатоци од ѕидини градени со вар и камен, како и рударски окна, алати, остатоци од стар пат денес обраснат во шума, селишпта и темели од куќи, за кои населението верувало дека се од друг народ. Под името Тајмиште селото се сретнува во XV век, односно во турските пописни дефтери од 1476/77 година, кога во него биле забележани 69 македонски христијански куќи.

Во XIX век селото Тајмиште е дел од Гостиварската нахија, на Тетовската Каза на Отоманското Царство.

Население

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Тајмиште живееле 580 жители, сите Македонци.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900. Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Тајмиште имало 640 Македонци, патријаршисти.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр.124-125.

Според рускиот филолог Афанасиј Селишчев во 1929 година селото имало 83 куќи и 364 жители.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.26.

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 400 Македонци.

Според пописот од 2002 година, во селото Тајмиште живеат 107 жители, сите Македонци.Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 59 жители, од кои 53 Македонци и 6 лица без податоци.

Родови

Тајмиште е православно македонско село. Населението од селата Тајмиште, Мидинци, Букојчани во Кичево се познати под името Шопки или Шопови поради различниот дијалект и колоритноста на нивната носија кои се разликуваат од оние на останатите кичевски села. Населението во Тајмиште, изворно, нема никакви корени од Шопите. Говорот во село Тајмиште е идентичен со оној на мијачкиот и мавровскиот дијалект, додека колоритната носија спаѓа во редот на носиите од западна Македонија, односно носиите од Мавровско поле и областа Горна река. Во Тајмиште родовите можат да се поделат на староседелци, доселеници од познато потекло и доселеници со непознато потекло.

Родови во селото се:

Староседелски: Бојовци (4к.), Шумковци (4 к.), Шумковци (3 к.), Млачевци (3 к.) и Андоновци (4к.) се староседелски родови, кои живееле во Старо Тајмиште; Доселенички со непознато потекло: Новевци (2 к.), Дејовци (1 к.), Митревци (1 к.), Игневци (2 к.), Вељановци (3 к.), Даиловци (3 к.), Исајловци (2 к.), Костовци (2 к.), Милутиновци (3 к.), Игњевци (4 к.), Сатировци (1 к.), Поповци (3 к.), Ѓоневци (1 к.), Давитковци (1 к.), Филиповци (2 к.), Поповци (2 к.), Стојановци (2 к.) и Мицовци (3 к.). Доселенички со познато потекло: Мицовци (2 к.), доселени се од соседното сега торбешко село Бачишта, основачи на родот биле Мицо и Јован, како браќа пребегнале во Тајмиште од Торбешите, го знаат следното родословие: Варе (жив на 60 г. во 1961 година) Никола-Мицо кој се доселил како дете; Тасевци (1 к.) и Маљуковци (2 к.) доселени се од дебрчкото село Сливово; Пејовци (1 к.), доселени се од мијачкото село Могорче; Ристевци (2 к.), доселени се од некое село во мијачкиот крај;

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Филиповци (2 к.), Јанчевци или Потевци (3 к.), Ристевци (4 к.), Стојановци (1 к.), Андоновци (4 к.), Шумковци (3 к.), Мицовци (1 к.), Бибовци (2 к.), Секуловци (3 к.), Бојовци (5 к.), Степановци (2 к.), Шумковци (7 к.), Грубановци (1 к.), Бојовци (7 к.), Вељановци (7 к.), Митревци (3 к.), Симјановци (3 к.), Симуновци (1 к.), Пејовци (2 к.), Ѓоргевци (1 к.), Соколовци (2 к.), Даиловци (3 к.) и Мицовци (3 к.) сите се староседелци; Илковци (5 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Бачишта.

Општествени установи Цркви Црква „Свети апостоли Петар и Павле“ - изградена во 1861 година, целосно изгорена во пожар во 1921 година, па повторно обновена и преосветена во 1928 година. Иконостасот и фреските се дело на Данило Нестороски - Фрчкоски од Галичник, изработени во 1928 година. Црква „Преподобна Параскева“ - постара црква која е обновена во 1975/76 година, кога е изработен и фрескоживописот од страна на зографот Кузман Фрчкоски. Осветена е една година пред тоа, во 1974 година.

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 820 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом.

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 71 гласач.

Стопанство Во непосредна близина на селото Тајмиште се наоѓа рудникот за железна руда „Тајмиште“, од кој неколку погони денес се користат за производство на здрава храна. Населението најчесто се занимава со сточарство и пчеларство и со собирање на печурки на падините на Бистра. Во близина на селото се наоѓа и планинарскиот дом Тајмиште.

Редовни настани Селска слава во Тајмиште е Петровден, кој се празнува на 12 јули. Покрај тоа, во селото се празнуваат и Водици, Велигден и останатите поголеми празници.

Личности Личности родени во Тајмиште:

Ѓерасим Симјаноски (1916-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ Јеремија Јосифовски - познат српски лекар, субспецијалист гастроентеролог, научен соработник и шеф на Одделот за ендоскопија, Институт за онколгогија и радиологија на Србија во Белград. Личности кои имаат потекло од Тајмиште Ребека Јанковска-Ристески (Скопје, 15 септември 1971) македонска поп пејчка.

Иселеништво Во 1921 година во селото имало 120 куќи. Но од тогаш оно константно почнало да се намалува. Највише иселеници дало после Втората светска војна. Највише иселеници од Тајмиште има во Белград, каде се иселиле околу 55 семејства. По нешто иселеници има и во Кичево, Гостивар и Скопје. Родовите Поповци и Сенковци се иселиле во селата Железна Река и Митрој Крсти.

Поврзано Кичевско Поле Општина Зајас Кичево

Наводи

Надворешни врски

Сателитска снимка на Тајмиште на Карти на Гугл

Категорија:Села во Македонија Категорија:Кичевски села Категорија:Села во Општина Кичево