Скопје — главниот и најголемиот град во Македонија, а воедно и нејзин административен, политички, стопански, културен, образовен и научен центар. Се наоѓа во северниот дел на државата, а во средишниот дел на Балканот. Распослан е во Скопската Котлина, на бреговите на реката Вардар, на која се наоѓа и знаменитиот Камен мост, околу кој се развива и централното градско подрачје.
Македонски народен театар се наоѓа на булевар Св. Климент Охридски. Сули ан е тој сарај, кој се наоѓа во Старата чаршија во Скопје. МРТВ е приватна телевизиска станица во Македонија, а потоа Порта „Македонија“, Воин на коњ и Скопско кале се наоѓаат. Подоцна во 84 или 85 година царот Домицијан основал колонија Флавија Скупи, град со римски самоуправни права кој бил најголем на просторот од Солун на југ до Дунав на север. Во тоа време Скопје доживува голем развој и станува град со свој бискуп. Во Втората светска војна Скопје повторно е окупирано од Бугарија, сојузник на нацистичка Германија. На 22 април 1941 година бугарската Петта армија го окупира Скопје и остана во градот сè до 9 септември 1944 година. На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада го ослободуваат Скопје од германската фашистичка окупација. Скопје е прв по големина град во Македонија според бројот на жители (2015 г.). На 6 август 2016 година Скопскиот Регион го зафати големо невреме, што резултира со силен ветар и полави. Во невремето животот го загубија 22 лица.
Име мини|лево|Зградата на Археолошкиот музеј и Државниот архив. Во преден план е Мостот на цивилизациите кој води до зданието.
Градот Скопје во текот на своето постоење во зависност од историските прилики бил именуван со различни имиња. Античкото име е Скупи (латински: Scupi).
Името на градот Скопје има различна транскрипција на различни јазици и култури. Градот е познат како Shkupi (Шкупи) на албански, Скопље/ Skoplje на српски/хрватски јазик, Scupi (Скупи) на латински, Скопье на руски, Skopiye (Скопије) на ромски, Σκόπια (Скопија) на грчки, Skopje на романски јазик, Üsküp (Ускуп) на турски, итн.
Во византиските документи градот е забележан како Скопија, а Словените го означувале и како Скопiе, Скопје, Скопље. За време на владеењето на цар Самоил, Скопје станува дел од Самоиловото Царство. Во подоцнежниот период градот потпаѓа под власт на Византија, Бугарија и Србија, а на 19 јануари 1392 градот го зазеле Османлиите и го добил името Ускуп (Üsküp).
Историја Праисторија и антички период Најстарите сведоштва и археолошки пронајдоци тврдат дека Скопје е населен уште од 4000 г.п.н.е. Скопје за првпат во документи се споменува од Клавдиј Птоломеј под древното име Скупи. Името Скупи (колиба, засолниште, стреа) за првпат се јавува кај пајонското племе Агријани (Граи), кои живееле на овие простори.
Според историските податоци, во времето на царот Октавијан Август, од 13 до 11 година пред нашата ера, Скупи од логор (каструм) на двете македонски легии - 5-та македонска и 4-та скитска легија прераснал во град.
Подоцна во 84 или 85 година царот Домицијан основал колонија Флавија Скупи, град со римски самоуправни права кој бил најголем на просторот од Солун на југ до Дунав на север. Во тоа време Скопје доживува голем развој и станува град со свој бискуп.
Средновековна историја мини|лево|Скопското кале За првпат градот е разурнат во катастрофалниот земјотрес на 28 април 518 година. По земјотресот Скупи веќе не се споменува, а скопската котлина добива нов град со името „Јустинијана Прима“.
На 16 април 1346 година во Скопје Стефан Душан бил крунисан за цар во присуство српскиот патријарх Јоаникиј и во него го донел познатиот Душанов законик.
Османлиски период Градот потпаѓа под османлиска власт во 1392 година и набргу Скопје добива турско ориентално обележје. Во 1555 година градот повторно е разурнат од катастрофален земјотрес, но набрзо е обновен и станува турско воено упориште. Стопански брзо се развива особено во XVI и XVII век кога после Цариград станал еден од
најразвиените и најголеми градови во европскиот дел на Отоманското Царство, како и значаен занаетчиски и трговски центар. За сместување на трговците и нивната стока биле подигнати повеќе карвансараи и анови како Куршумли-ан, Сули-ан, Капан-ан и др. Патописецот Евлија Челебија ја споредил скопската чаршија со таа во Цариград. Според него во 1660-61 Скопје имало 12.000 куќи со околу 60.000 жители, потоа 2.150 дуќани, еден безистен, 70 јавни амами (бањи), 120 џамии, повеќе беговски конаци и сараи. Трговските карвани редовно одржувале врски со Солун, Белград и Дубровник.Стојмилов, А., (2005), Социоекономска географија на Република Македонија, ПМФ, Скопје
За скопската чаршија Евлија Челевија запишал:
„Таа [чаршијата] брои 2.150 дуќани. Тука има плоштади и пазари, со сводови и куполи. Од сите најубави се: чаршијата на безазите (памучни ткаенини), чадорџиите, папуџиите, бојаџиите и ткајаџиите (капи). Тоа се големи чаршии изработени по план. Сокаците им се чисти и калдрмисани. Секој дуќан го красат зумбули, темјанушки, рози, босилек, јоргован и крин во вазни и саксии. Тие со својата миризба просто го опиваат мозокот на посетителите и трговците. Тука има образовани и многу чесни луѓе. За време на летните жеги сиот скопски пазар личи на багдадските сенки, зашто сите негови чаршии се со наткривени капаци и сводови како во Сараево и Халеп.“
На 25 и 26 октомври 1689 година градот го освоил австрискиот генерал Силвио Пиколомини кој подоцна го запалил Скопје поради епидемија на чума и за да не им остави ништо на непријателите. Градот горел цели два дена и бил скоро целосно уништен.
Голем дел од населението го напуштило градот, при што едни, главно Турци се населиле дури во Цариград каде го основале
Ускуб Маалото, а други најголем дел Македонци се придружиле на миграцискиот бран на Арсение Црноевиќ и се отселиле далеку на север во Панонската Низина.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, градот Скопје го сочинувале 46 маала. Пет маала биле целосно христијански: Суќутли, Кади Чаирли, Булбул Заим, Јени Маало и Топхане. 19 маала биле мешани со христијанско и муслиманско население: Џами Атик, Ине Бег, Ибни Омер, Хаџи Балабан, Егит Паша, Џедид Иса-Бег со шеик Рамазан, Хаџи Јонус, Капуџи Хамза, Искендер Гази, Ибни Коџаџик, Кебир Мехмед Челеби, Ибни Мухтесеб, Ибни Пајко, Хаџи Лала, Дубаг Шахин, Ќатиб Шахин, Дервишан, Гази Ментеш и Хараџи Салахедин. Додека пак останатите 22 маала биле чисто муслимански: Кале, Хоџа Шемс, Мурадије, Ибни Чини, Худаверди, Ибни Меџри, Хатунџиклер, Исакие, Хаџи Гази, Хаџи Таџедин, Кара Капуџу, Хаџи Мудидин, Касим Гази, Исмаил Војвода, Емир Хоџа, Хазнедар Исмаил, Ибни Шахин, Хаџи Касим, Уруч Паша, Пазар Баши, Мухидин Челеби и Хаџи Хајредин. Во овој период во градот Скопје биле забележани 1.230 муслимански домаќинства и 578 христијански домаќинства. Во 1832/33 година биле родени 556 новороденчиња во градот, а вкупното население достигнувало и до 10.262 жители.мини|десно|Пазарен ден во Скопје во почетокот на XX векВо XIX век Скопје станало важен сообраќаен центар каде што почнува да цвета занаетчиството. Првата електрична светилка во Скопје засветила во 1909 година, со помош на мала дизел електрична централа, која служела за напојување на пумпната станица за потребите на градскиот водовод.„ХЕЦ Козјак – производство на електрична енергија и намалување на штетите од поплави“, Економија и бизнис, година 18, број 217/218, јули/август 2016, стр. 26-27.
На 25 октомври 1912 година, по 520-годишно владеење, Османлиите го напуштиле Скопје, а веќе наредниот ден во градот влегла Моравската дивизија на српската војска, со што градот потпаднал под српска власт.
Набрзо, Скопје било седиште на истоимената општина, посебната единица Окружен Град Скопје, и Скопскиот Округ. Скопје било единственото населено место во рамки на општината. мини|лево|Старо Скопје - Офицерскиот дом на главниот плоштад во раните 1930-ти мини|лево|Дел од Скопје, до Камениот мост. мини|десно|Управата на градот Скопје, од 1927 година.
Првата и Втората светска војна За време на Првата светска војна Скопје се наоѓа под окупација на бугарските и австроунгарските сили, а по завршување на војната станува дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.
Во Втората светска војна Скопје повторно е окупирано од Бугарија, сојузник на нацистичка Германија. На 22 април 1941 година бугарската Петта армија го окупира Скопје и остана во градот сè до 9 септември 1944 година. На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та македонска бригада го ослободуваат Скопје од германската фашистичка окупација.
По ослободувањето од фашистичкиот окупатор на 13 ноември 1944 година, градот брзо се развива и станува индустриски, културен и административен центар на Социјалистичка Република Македонија која е во составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.
Земјотресот од 1963
мини|лево| Хотел Македонија, кон плоштадот, ул. Никола Вапцаров, поплавата од 1962 во Скопје мини|Земјотресот во Скопје од 1963 година: Самоиницијатвно граѓаните бараат затрупани и ранети
Во почетокот на ноември 1962 поради обилни дождови, реката Вардар го поплави Скопје. Поплавени беа околу 5000 куќи. Поплавата беше предвесник на една поголема трагедија неколку месеци подоцна.
На 26 јули 1963 година во 5:17 часот Скопје беше разурнато од земјотрес со јачина од 9 степени по Меркалиевата скала (6,1 според Рихтеровата сеизмичка скала). Под урнатините животот го загубија 1.070 негови граѓани, беа повредени над 4.000 граѓани. Повеќе од 90 отсто од зградите во градот беа урнати и над 20.000 граѓани оставени без покрив над главата.
По земјотресот градот почна да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата железничка станица, денес е музеј на градот Скопје и симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.
Првата помош за граѓаните на Скопје дојде од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики, а неколку дена по земјотресот започна да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации во светот испратија некаква помош во Скопје и помогнаа тој да се изгради повторно, и поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“.
Современа историја На 6 август 2016 година Скопскиот Регион го зафати големо невреме, што резултира со силен ветар и полави. Во невремето животот го загубија 22 лица.
Географски податоци Скопје се наоѓа на 21° 26' географска должина и 42° северна географска ширина. Надморската височина во центарот на градот изнесува 240 м. Се простира на во широчина 9 км (Водно-Радишани) и во должина 23 км (Драчево - Ѓорче Петров). Градското подрачје зафаќа површина од .
Климата во Скопје ја карактеризира средна годишна температура од околу 12,4 °C. Летата се долги суви и жешки, а зимите ладни со многу магловити денови. Низ скопската котлина протекуваат реката Вардар со своите притоки: Треска, Пчиња, Маркова Река, Лепенец и Кадина Река. Скопската Котлина ја опкружуваат планините: Водно, Караџица, Осој, Жеден и Скопска Црна Гора.
Скопски населби и маала Видете: Скопски населби и маала
Територијална организација на Скопје Главна статија: Град Скопје Во градот Скопје има 10 општини: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари. Според бројот на жители, најголема општина е Аеродром со 98.382 жители, а најмала е Шуто Оризари со 17.357 жители. Според површината, најголема општина во градот Скопје е Сарај со 229 км2, а најмала е Чаир со 3,5 км2.
Население
Во турскиот пописен дефтер од 1467/68 година, Скопје било центар на Скопскиот Вилает и имал вкупно 1.006 семејства, од кои 634 муслимански семејства, 299 христијански семејства и 73 вдовици христијани.Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр. 424