Човек за сите времиња (англиски: A man for all seasons) е британски филм од 1966 година, во режија на Фред Зинеман. Филмот е заснован на истоимената претстава на Роберт Болт во која се обработува приказната за Сер Томас Мор. Филмот бил издаден на 12 декември 1966 година. Пол Скофилд, кој го глумел ликот Мори на премиерата во „West End Theatre“, го глумел истиот лик и во филмот. Филмот освоил шест оскари, меѓу кои и оскар за најдобар филм и оскар за најдобар глумец.
Наводи
Сценарио на филмот
Надворешни врски
Категорија:Филмови од 1966 година Категорија:Британски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Добитници на оскар за најдобар филм Категорија:Биографски филмови Категорија:Филмови на Фред Зинеман Категорија:Филмови со Пол Скофилд Категорија:Филмови со Венди Хилер Категорија:Филмови со Орсон Велс Категорија:Филмови со Роберт Шо Категорија:Филмови за христијанство Категорија:Филмови на Columbia Pictures