„Мостот на реката Квај“ () — британски воен филм од 1957 година, заснован на романот „Мостот на реката Квај“ од францускиот писател Пјер Боли, каде се обработува изградбата на мостот на Бурманската железница преку реката Квејај (тука „Квај“). Режисер на филмот е Дејвид Лин, а главните улоги ги толкуваат: Вилијам Холден, Џек Хокинс, Алек Гинис и Сесју Хаикава. Филмот билм снимен во Цејлон (денес Шри Ланка). „Мостот на реката Квај“ добил седум награди „Оскар“ (вклучувајќи ја и наградата оскар за најдобар филм) на 30-то доделување на академски награди,Мост на реци Квај (пристапено на 27.6.2022) а во 1997 година бил ставен под заштита во Конгресната библиотека како културолошки, историски или естетски значајно остварување.

=Синопсис Во текот на Втората светска војна, сојузнчиките заробеници добиваат наредба од јапонската војска да изградат железнички мост. Иако затворениците знаат дека се должни да ја саботираат изградбата на мостот, полковникот Николсон смета дека работата на мостот ќе помогне во подигнувањето на морлаот на заробениците во логорот. Николсон е човек кој стекнал почит од затворениците поради неговата храброст за време на мачењето, но постепено тој ја преиспитува својата одлука за учество во изградбата на мостот...

Поврзано Квејај

Надворешни врски

Мост на реката Квај Затвореничка листа. Краток онлајн филм за затворениците на јапонија во текот на Втората светска војна.

Наводи

Категорија:Филмови од 1957 година Категорија:Британски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови за Втората светска војна Категорија:Добитници на оскар за најдобар филм Категорија:Филмови на Columbia Pictures Категорија:Филмови засновани на романи Категорија:Филмови на Дејвид Лин Категорија:Филмови со Вилијам Холден Категорија:Филмови со Алек Гинис Категорија:Филмови со Џек Хокинс