Биоково е втора планина според големина во Република Хрватска. Планината се наоѓа на брегот на Јадранското Море во Сплитско-далматинската жупанија, над Макарска.

Се простира од влевањето на реката Цетина до реката Неретва. Најголем врв на оваа планина е врвот Свети Јура (Свети Ѓорѓе) кој е висок околу 1762 метри. Тој се наставува на врвовите Сусвид (1.155 м) и Рилиќ (836 м) кои претставуваат делови од Биосковскиот венец. На врвот Свети Јура се наоѓа ТВ кула на Свети Јура. До врвот води асфалтен пат.

Планината во главно е гола и кршевита, а пониските страни се покриени со ретки шуми. Дел од планината, односно површина од 196кm², е заштитен парк на природата.Biokovo park prirode - nature park

Кога времето е добро од врвот на планината може да се гледа Апенинскиот Полуостров.

Наводи

Надворешни врски Слики на планината Биоково at the Croatian Mountaineering Association

Категорија:Планини во Хрватска Категорија:Национални паркови во Хрватска