Предмет или објект — еден од деловите на реченицата и често составен дел од прирокот. Предметот означува дека некој и нешто е инволвиран во дејството на глаголот од подметот. Со други зборови, предметот означува на кого и на што дејствува глаголот.Како пример е земена реченицата „Марко јаде јаболко“. Во овој пример, Марко“ е подмет или вршител на дејството, „јаде“ е глаголот или прирокот, а „јаболко“ е предметот. Самиот глагол во една реченица може да одреди дали е потребно да се искористи предмет или не. Оваа појава се нарекува валентност. Еве примери кои ви помогнале: 1.Таа игра кошарка.-кошарка-Директен предмет 2.Ана пишува состав.-состав-Директен предмет 3.Бојан јаде торта.-торта-Директен предмет 4.Им реков на пријателите.-на пријателите-Индиректен предмет со прашањето(НА КОГО?) 5.Му подарив подарок него.-него-Индиректен предмет со прашањето(НА КОГО?) 6.Јас пишувам со пенкало.-со пенкало-Предлошки предмет со прашањетО(СО ШТО?)
Видови предмети Постојат следниве главни видови предмети: директен предмет „Даниел изел круша“. - „круша“ е директен предмет и одговара на прашањето „што“? индиректен предмет „Даниел му пратил нему една разгледница“. - „нему“ е индиректен предмет и одговара на прашањето „кому“, „на кому“, „(на) што“?
Покрај овие стандардни два вида предмети, постојат и: адпозиционален предмет предлошки предмет обликативен предмет
Форма Предметот може да има каква било форма, но зачестени форми на предметот се: именка или именска фраза, инфинитив или инфинитивна дел-реченица, глаголска именка (герунд) полнозначна реченица (дел-реченица) прашална полнозначна реченица (дел-реченица) односна реченица (дел-реченица)
Поврзано Подмет Прирок Реченица
Наводи
Надворешни врски Директен предмет
Категорија:Синтаксни категории