Роберто Ди Матео (роден на 29 мај 1970, во Шафхаузен) — италијански фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.
Роден во Швајцарија, но со италијанско потекло, Ди Матео ја започнал својата кариера во родната земја играјќи за екипите на Шафхаузен, Цирих и Арау. Во 1993 година се преселил во Италија каде играл три години за Лацио, а во 1996 година потпишал за англискиот клуб Челси каде останал до завршувањето на својата кариера, која ја завршил во февруари 2002 на 31-годишна возраст поради повреда.
За италијанската репрезентација настапувал од 1994 до 1998 година, забележувајќи 34 настапи и 2 гола. Со „аѕурите“ настапил на Европското првенство 1996 и Светското првенство 1998.
По завршувањето на играчката кариера, започнал да се занимава со тренерска работа водејќи ги екипите на Милтон Кинс Донс и Вест Бромвич Албион. Во сезоната 2011-2012, тој се вратил во Челси, најпрво како асистент на Андре Виљаш-Боаш, а потоа и како главен тренер по отпуштањето на португалецот. Откако го презел кормилото, тој му донел голем успех на Челси, водејќи ги до титулата во ФА Купот, како и до првата титула во историјата на клубот во Лигата на шампионите. Сепак, откако на почетокот на следната сезона добил отказ во Челси, тој го водел Шалке 04 во сезоната 2014-2015, а последниот тренерски ангажман го имал во екипата на Астон Вила во 2016 година.
Биографија Роден е во Шафхаузен, Швајцарија, од италијански родители по потекло од Абруцо, кои емигрирале во северниот сосед во потрага по работа.
Титули Играч
Арау Швајцарско првенство : 1 1992-1993
Челси ФА Куп : 2 1996-1997, 1999-2000 ФА Черити Шилд : 1 2000 Лига куп : 1 1997-1998 УЕФА Куп на победниците на куповите : 1 1997-1998 Суперкуп на Европа : 1 1998
Тренер Челси ФА Куп : 1 2011-2012 Лига на шампиони : 1 2011-2012
Индивидуални Sports Awards Coach of the Year : 1 2012
Тренерска статистика Статистиката е ажурирана на 1 октомври 2016. Во болд се натпреварувањата кои Ди Матео ги освоил.
СезонаЕкипаПрвенствоНационален купКонтинентални куповиОстанати куповиВкупноПобеди %Пласман Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И Натп ОН П Н И ОН П Н И % 2008-2009 МК Донс ФЛ1 46+2Плејоф за промоција. 26 9+2 11 ФАКуп+ЛК 1+2 0+1 0+0 1+1 - - - - - - - - - - 3. место 2009-2010 Вест Бромвич ФЛЧ 46 26 13 7 ФАКуп+ЛК 4+3 2+2 1+0 1+1 - - - - - - - - - - 2. место (пром.) 2010-фев. 2011 ПЛ 25 7 5 13 ФАКуп+ЛК 1+4 0+3 0+0 1+1 - - - - - - - - - - отп. 17. местоВкупно Вест Бромвич 71 33 18 20 12 7 1 4 - - - - - - - - мар.-јун. 2012 ПЛ 11 5 3 3 ФАКуп+ЛК 4+0 4 0 0 ЛШ 6 4 2 0 - - - - - наз. 5. место, крај 6. место авг.-ное. 2012 ПЛ 12 7 3 2 ФАКуп+ЛК 0+2 2 0 0 ЛШ 5 2 1 2 СУ+КШ 1+1 0+0 0+0 1+1 отп. 3. местоВкупно Челси 23 12 6 5 6 6 0 0 11 6 3 2 2 0 0 2 окт. 2014-2015 БЛ 27 11 7 9 КГ - - - - ЛШ 6 3 0 3 - - - - - наз. 11. место, крај 6. место авг.-окт. 2016 ФЛЧ 11 1 7 3 ФАКуп+ЛК 0+1 0 0 1 - - - - - - - - - - отп. 19. местоВкупно во кариерата 180 83 49 48 22 14 1 7 17 9 3 5 2 0 0 2
Наводи
Надворешни врски
Роберто Ди Матео на worldfootball Роберто Ди Матео на transfermarkt Роберто Ди Матео на espn Роберто Ди Матео на tuttocalciatori
Категорија:Живи луѓе Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Италијански фудбалски тренери Категорија:Фудбалери на ФК Шафхаузен Категорија:Фудбалери на ФК Арау Категорија:Фудбалери на ФК Цирих Категорија:Фудбалери на ФК Лацио Категорија:Фудбалери на ФК Челзи Категорија:Тренери на ФК Челси Категорија:Тренери на ФК Шалке 04 Категорија:Тренери на ФК Астон Вила Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Тренери од Премиер-лигата Категорија:Фудбалери на Светско првенство 1998 Категорија:Родени во 1970 година