Али Фетхи Окјар (29 април 1880 - 7 мај 1943) — турски политичар и дипломат.
Ран живот и образование Роден е во 1880 г. во Прилеп, во черкеско семејство. Во 1898 година се запишaл на Воената академија во Солун, каде што во 1900 година го завршува образованието со чин – пешадиски поручник.
Воена кариера Во 1904 година унапреден е во чин капетан и распореден е во командата на 3-та армија во Солун, а во 1908 година, со чин мајор е назначен за командант на Жандармериската школа во Солун.
Во 1909 година станува воен аташе во Франција, сè до 1911 година, кога ја презема командата на генералштабот во Скадар.
Истата година, во месец октомври, заедно со Енвер Паша и со Кемал Ататурк учествува во одбраната на Триполи во Италијанско-Турската војна. Во 1912 година избран е за пратеник на Битолскиот Вилает во Турскиот парламент. Во 1913 година ја врши должноста амбасадор во Софија. Истата година се приклучува кон политичката партија „Комитет за обединување и прогрес“ и избран е за генерален секретар.
Политичка кариера лево|мини|Ататурк, Окјар, и неговата ќерка Нермин, 13 август 1930 Во 1923 година станува претседател на Собранието, а во периодот од 1924-1925 година бил премиер на турската влада. Во 1930 бил вршител на должноста амбасадор во Франција, кога на барање на Кемал Ататурк учествува во формирањето на Либералната демократска партија (Serbest Cumhuriyet Fırkası).
Починал на 7 мај 1943 година во Истанбул.
Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Питомци на Отоманската воена академија Категорија:Питомци на Отоманскиот воен колеџ Категорија:Починати во Истанбул Категорија:Родени во 1880 година Категорија:Починати во 1943 година